dm заедништво
Зелена иднина: од градинка до училиште
време за читање: мин

Зелена иднина: од градинка до училиште

Отворање на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ во септември 2025 година


дм дрогерие маркт дооел Скопје, организатор на конкурсот Зелена иднина: од градинка до училиште, ги повикува сите државни и општински градинки и основни и средни училишта преку платформата {ЗАЕДНО} да се пријават, целта на нашиот конкурс е разеленување и хортикултурно уредување на училишни дворови во Р. С. Македонија, со акцент на подобрување на животната средина и создавање на зелени површини за учениците. Сите проекти кои ќе бидат одбрани од стручниот тим составен од претставници на дм дрогерие маркт дооел Скопје и претставник од Македонско еколошко друштво (МЕД), ќе добијат поддршкаво реализацијата, врз основа на правилата и условите за пријава на конкурсот.

На конкурсот можат да се пријават сите државни и општински градинки, основни и средни училишта, а крајниот рок за аплицирање е 31.8.2026. Во секој од предвидените месеци за садење се реализираат по два проекти. Пријавувањето на нови проекти за конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ може да се направи преку формуларот на Иднина која инспирира за пријава на платформата ,,Заедно едни за други“. 

dm раззелени 4 училишни двора за 2 месеци како дел од конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“

Продолжуваат активностите за пошумување и раззеленување како дел од проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште “ кој компанијата dm drogerie markt го реализира во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД) . Овој месец, ООУ „Рилиндија“ во С.Батинци и ООУ „Кочо Рацин“ во Општина Петровец, добија донација наменета за набавка на 256 садници, за да се збогати хортикултурното уредување и да се подобри вегетацијата на нивните училишни дворови.

Конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ има за цел да го поддржи раззеленувањето и хортикултурното уредување на дворовите на државните и општинските градинки и училишта во земјата, со акцент на подобрување на животната средина и создавање на зелени површини за учениците.  Минатиот месец беа раззеленети дворовите на ООУ „Стив Наумов“ од Битола и ООУ „Његош“, Јурумлери во општина Гази Баба во Скопје. Преку зелените училишни дворови учениците дишат почист воздух богат со кислород, мотивирани се да играат и да се дружат повеќе надвор, и се стекнуваат и со поголема мотивација за едукација. А со новите засадени стебла ќе добијат и повеќе сенки за освежување за време на топлите денови и заштита од силните УВ сончеви зраци.

Садењето беше збогатено и со едукативни предавања, благодарение на експертизата и стручноста на претставниците од Македонското еколошко друштво. Преку овие предавања, учениците имаа можност пред садењето, да научат многу повеќе за тоа колку е важно да се грижиме за животната средина.

Раззеленети првите два училишни двора избрани на dm конкурсот „Зелена иднина: Од градинка до училиште“

dm drogerie markt ја започна реализацијата на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ со пошумување и раззеленување на дворовите на две основни училишта од земјава. ООУ „Стив Наумов“ од Битола и ООУ „Његош“ – Јурумлери во општина Гази Баба во Скопје добија донација наменета за набавка на садници во вкупен износ од 262.100 денари.

Конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, кој е отворен од септември 2025 година, има за цел да го поддржи раззеленувањето и хортикултурното уредување на дворовите на државните и општинските градинки и училишта во земјата, со акцент на подобрување на животната средина и создавање на зелени површини за учениците.

Во двете одбрани училишта, ООУ „Стив Наумов“ и ООУ „Његош“, беа посадени вкупно 281 нов садник, во вкупна вредност од 262.100 денари.