dm заедништво
Конкурс {Заедно} за женско здравје 2024
време за читање: мин

Конкурс {Заедно} за женско здравје 2024

Објавени резултатите од конкурсот {ЗАЕДНО} едни за други: dm издвојува повеќе од 3 милиони денари за проекти посветени на женското здравје

На конкурсот кој dm го објави втора година по ред, пристигнаа речиси 60 пријави од проекти насочени кон подобрување и зачувување на менструалното и репродуктивното здравје на жените. Од нив, dm поддржа шест проекти со финансиска помош од повеќе од 3 милиони денари, со цел нивна успешна реализација. Ова е дел од иницијативата {ЗАЕДНО}, со која dm се залага за поддршка на теми што се табу во општеството, како што се менструалното и репродуктивното здравје. Избраните проекти настојуваат да ги едуцираат луѓето, да ги срушат бариерите за отворена дискусија и да овозможат пристап до потребните производи. Преку овие акции, dm ја истакнува својата посветеност кон создавање поздраво и поинформирано општество и инвестира во луѓето и заедниците. Целта е менструалното и репродуктивното здравје да се третираат како отворени и приоритетни теми, ослободувајќи ги од стигмата и пружајќи поддршка за сите кои имаат потреба.


Втор ден ми е

Кампања за подигнување на свеста за вториот ден на менструалниот  циклус, реализирана преку изложба на слики од девојки и жени, работилници за изработка на прирачници на тема менструална хигиена и исхрана за време на циклусот и 90-минутна панел дискусија.

Превентивни прегледи со мобилна гинеколошка амбуланта за загрозени категории сограѓани 

Проект преку кој ќе се спроведат бесплатни гинеколошки прегледи во 16 различни градови, проследено со истражување за состојбата на менструалното и репродуктивното здравје во тие градови. Овој проект опфаќа 200 директно погодени жени и девојки.

Циклус на нега: Поддршка на женското здравје

Овој проект опфаќа едукативни работилници и сесии во 8 различни училишта, изработка на едукативни брошури, пружање на психолошка помош и поддршка, како и одржување на караван со цел подобрување на менструалното здравје и хигиена. Проектот ќе се одржи во неколку градови во југоисточна Македонија.

Мое менструално здравје ,,Mission Red’’ 

Проект наменет за едуцирање на Ромките преку формирање на клуб за ученици во едно средно и две основни училишта, како и одржување на 3 настани. 

Ослободете ја моќта на менопаузата: Проект за самоподдршка на жените 

Проектот има за цел унапредување на квалитетот на животот на жените преку работилници и едукативни сесии за физичко и ментално здравје, исхрана, развој и креативност и двомесечен курс.
Нутритивно диететски навики кои имаат придонес за менструалното и репродуктивното здравје на жените

Проектирано е да ги зајакне жените преку насочена едукација за исхрана. Препознавајќи ја критичната врска помеѓу навиките во исхраната и репродуктивното здравје, оваа иницијатива се фокусира на две витални групи: основци, ученички (од 7 до 9 одделение) и жени во перименопауза и менопауза.