dm заедништво
Миленици
време за читање: мин

Миленици

dm drogerie markt со донација на живеалишта за миленици од 600.000 денари го одбележа Светскиот ден на животните

На Светскиот ден на животните, ние од dm drogerie markt организиравме настан во Градскиот парк во Скопје со изложба на фотографии од кученца и претставување на донација од над 600.000 денари за живеалишта во четири локални прифатилишта. Настанот го одбележаа сопственици на миленици, љубители на животни, ветеринари и минувачи, а атмосферата беше полна со љубов и позитивна енергија. Организиравме и акција за вдомување на животни, промовирајќи ги кучињата од прифатилишта и повикувајќи ги присутните да вдомат некое животно доколку имаат услови.

На 4 октомври, Денот на животните, ја потврдуваме нашата заложба да се грижиме не само за луѓето, туку и за целата заедница. Со донацијата за прифатилишта испративме порака дека грижата за нашите крзнени пријатели почнува од нас.

  1. Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња

На 4 октомври ги посетивме Здружението „Шепасти ентузијасти“, Јавното претпријатие „Лајка“ и граѓанската иницијатива „Кане Корзо Надеж“, каде живеат многу кучиња без домови. Кога влеговме во овие прифатилишта, нашите срца се наполнија со емоции и се потсетивме колку е важна нашата мисија да им обезбедиме љубов и грижа на секое куче. Како компанија, редовно донираме храна и средства за чистење во прифатилиштата во Скопје, помагајќи им на овие миленичиња да имаат подобар живот. Веруваме дека само заедно можеме да го направиме светот подобро место и затоа постојано се залагаме за љубов и грижа кон животните.

  1. По повод Светскиот ден на животните: 750 килограми храна и средства за чистење донирани од dm дрогерие маркт за три скопски прифатилишта за кучиња.

На Светскиот ден на животните, 4 октомври 2023, ние од dm дрогерие маркт ги посетивме „Happy Shelter“, Јавното претпријатие „Лајка“ и здружението „Кане Корзо Надеж“ и дониравме 750 килограми храна за кучиња и средства за чистење. Сакавме да го поддржиме трудот на овие организации и да ја подигнеме свеста за важноста од грижа за миленичињата. Како општествено одговорна компанија, имаме долга традиција на помагање на здравствени и образовни институции и социјално загрозени категории, а со оваа донација продолжуваме да ја зголемуваме помошта кон загрозените животни.

  1. По повод Светскиот ден на кучето: 400 килограми храна донирани од dm дрогерие маркт за две скопски прифатилишта за животни скитници.

На Светскиот ден на кучето, ние од dm дрогерие маркт ги посетивме здружението „Happy Shelter“ и Јавното претпријатие „Лајка“ и дониравме 400 килограми храна за кучиња. Со овој гест сакавме да им помогнеме на животните и институциите во нивната хумана работа. Како општествено одговорна компанија, во нашето десетгодишно работење реализиравме многу активности за подобрување на здравството, образованието и животниот стандард на социјално загрозените категории. Со оваа донација ја проширивме нашата поддршка и кон загрозените животни.