dm заедништво
BESTIE никогаш сама
време за читање: мин

BESTIE никогаш сама

„Здраво, јас сум Бести, со мене никогаш повеќе не си сама!“:  dm започна со поставување диспанзери со хигиенски влошки на сите државни универзитети во Македонија

На прес-конференцијата која се одржа на 17 октомври 2024 година, компанијата dm дрогерие маркт објави значајна иницијатива во рамките на својата борба за менструална правда, со која ќе се постават над 200 диспанзери за хигиенски влошки на државните универзитети во Република Северна Македонија. Оваа кампања е насочена кон подигање на свесноста за менструалниот циклус и борбата против менструалната сиромаштија во нашата земја.

Започнувајќи од овој месец, во договор со државните универзитети, тие започнаа со поставување на над 200 диспанзери со хигиенски влошки во женските тоалети на сите седум државни универзитети во нашата земја. Поставувањето на диспанзерите го започнаа и ќе го завршат навремено според планот постигнат со универзитетите, а ќе бидат редовно дополнувани со хигиенски влошки од нивната приватна марка Jessa во текот на 2024 и 2025 година. Вредноста на проектот до крајот на оваа година изнесува 1,5 милиони денари, а проектирано е инвестирање на годишно ниво во вредност над 2,5 милиони денари.

Никогаш повеќе сама и во новиот семестар: dm ги снабди државните универзитети со нова количина од речиси 130.000 бесплатни хигиенски влошки

„Здраво, јас сум Бести и со мене никогаш повеќе не си сама! “ – вака гласи пораката на иновативната и инспиративна кампања на dm која не само што ја осветли важната тема за менструална хигиена, туку и ја подигна свеста за менструалната правда во нашата земја. Со донација на повеќе од 200 диспанзери минатата година и повеќе од 100.000 хигиенски влошки на сите државни факултети, dm покажа дека грижата за жените и нивното здравје е приоритет. Оваа година, тие продолжуваат со полна пареа со снабдување на универзитетите со нова количина од речиси 130.000 хигиенски влошки од приватната марка Jessa за новиот семестар. Со ова, вредноста на овој проект досега изнесува речиси 2 милиони денари.    

dm обезбеди повеќе од 320.000 бесплатни хигиенски влошки за студентките на државните факултети во академската 2025/2026 година

Проектот "Никогаш повеќе сама" кој компанијата dm drogerie markt го реализира со цел напредување на менструалната правда и обезбедување бесплатни хигиенски влошки за студенките на државните факултети, продолжува и во вториот семестар од студентската 2025/2026 година. Врз основа на досегашните резултати и утврдените потреби, проектот влегува во следната фаза со проширен обем и дополнително зајакнати активности. Во рамки на вториот семестар веќе се распределени повеќе од 6.000 пакувања влошки Jessa, односно повеќе од 200.000 поединечни хигиенски влошки, со вредност од 655.000 денари. Оваа донација се надоврзува на првиот семестар, кога во окотмври 2025 година беа распределени 3.850 пакувања, односно повеќе од 120.000 поединечни Jessa влошки, со вредност од 420.000 денари. Со вкупната донација во двата семестри, во текот на студенстката 2025/2026 година, се обезбедени повеќе од 320.000 поединечни влошки, чија вредност надминува 1 милион денари.

Поддршката претставува продолжение на активностите започнати во октомври 2024 година, кога проектот "Никогаш повеќе сама" беше воспоставен на сите државни факултети низ земјата, преку поставување на повеќе од 220 диспанзери со бесплатни хигиенски влошки. Во текот а студентската 2024/2025 година, во двата семестра, беа донирани 230.000 поединиечни Jessa влошки, со што вредноста на донацијата беше 1,8 милиони денари.