dm заедништво
Giving Friday 2019-2025
време за читање: мин

Giving Friday 2019-2025

Giving Friday 2025

Giving Friday како симбол на солидарност: Благодарение на вашата помош, dm донира 559.342 денари за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Шеста година по ред организираме иницијативата „Giving Friday“ во dm, каде наместо попусти донираме 5% од прометот на Black Friday за хуманитарни цели.
На 29 ноември 2024 година собравме 448.730 денари кои ќе ги искористиме за пакети храна за социјално загрозени сограѓани преку организацијата „Свети Спас“.
Многу сме горди што оваа иницијатива стана препознатлива и дека нашите купувачи активно учествуваат, ширејќи го духот на добрина и солидарност.
Оваа акција ја спроведуваме од 2019 година под слоганот „Giving is the new black“ и со гордост гледаме како расте секоја година.

Giving Friday 2024

Со ваша помош dm донира 448.730 денари за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Шеста година по ред организираме иницијативата „Giving Friday“ во dm, каде наместо попусти донираме 5% од прометот на Black Friday за хуманитарни цели.
На 29 ноември 2024 година собравме 448.730 денари кои ќе ги искористиме за пакети храна за социјално загрозени сограѓани преку организацијата „Свети Спас“.
Многу сме горди што оваа иницијатива стана препознатлива и дека нашите купувачи активно учествуваат, ширејќи го духот на добрина и солидарност.
Оваа акција ја спроведуваме од 2019 година под слоганот „Giving is the new black“ и со гордост гледаме како расте секоја година.

Giving Friday 2023

Ви благодариме: Со ваша помош собравме 405.735 денари кои ќе ги донираме на хуманитарната организација „Свети Спас“ за набавка на храна на социјално загрозени сограѓани!

Во пресрет на празниците, дарувањето го носи вистинскиот дух на заедништво и радост, а ние во dm тоа го правиме со пет години традиција преку Giving Friday.
Оваа година со ваша помош собравме 405.735 денари, кои ќе ги донираме за храна на социјално загрозени преку организацијата „Свети Спас“.
Giving Friday во dm е глобална иницијатива која ја спроведуваме под мотото „Giving is the new black“.
Оваа филантропска традиција започна во 2019 година со донација за Клиничката болница во Штип и од тогаш секоја година 5% од прометот од Giving Friday се донираат за хуманитарни цели.

Giving Friday 2022

Ви благодариме: Со ваша помош собравме 474.000 денари кои ќе ги донираме на јзу универзитетска клиника за ендокринологија!

Овој глобално популарен ден во dm го нарекуваме Giving Friday, а оваа иницијатива ја спроведовме на ниво на целиот dm-концерн под слоганот „Giving is the new black“. Четврта година по ред, dm традиционално донира 5% од остварениот промет на Black Friday од сите dm дрогерии во хуманитарни цели.

Оваа година, со ваша помош успеавме да собереме 474.000 денари, кои ќе ги донираме во ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА!

Затоа, во името на целата компанија сакаме да ви се заблагодариме на сите вас кои земавте активно учество во оваа филантропска иницијатива.

Giving Friday 2021

Ви благодариме: Со ваша помош собравме 300.000 денари кои ќе ги донираме на националната мрежа против семејно насилство врз жените ,,Глас против насилство‘‘

Трета година по ред, dm традиционално донира 5% од остварениот промет на Black Friday од сите dm дрогерии во хуманитарни цели.

Оваа година, со ваша помош успеавме да собереме 300.000 денари, кои ќе ги донираме во националната мрежа против семејно насилство и насилство врз жените „Глас против насилство“.

Затоа, во името на целата компанија сакаме да ви се заблагодариме на сите вас кои земавте активно учество во оваа филантропска иницијатива.

Giving Friday 2020

Го продолжуваме нашето хуманитарно делување.
Дониравме 750 пакети со храна за социјално загрозени сограѓани.

Под слоганот „Купувајте во dm и направете добро дело“ на 27 ноември 2020 година по втор пат последователно ја организиравме кампањата „Giving Friday“ – хуманитарна акција во која одвоивме 5% од нашиот дневен промет, а со поддршка на нашите купувачи успеавме да собереме 233.700 мкд за храна и оброци за социјално загрозени сограѓани.

Денес започна поделбата на оваа донација: 750 пакети со храна беа доставени во организацијата „Ајде Македонија“, кои преку хуманитарните организации „Свети Спас“ , „АДРА Македонија“ и „Вистински дела на љубезност – Real acts of kindness“ , ќе завршат во рацете на нашите социјално загрозени сограѓани.

Giving Friday 2019

За првпат организираме Giving Friday во дрогериите dm во Македонија!
Од Black Friday, 5% од прометот на тој ден го дониравме за ЈЗУ Клиничка болница – Штип, што изнесуваше вкупно 300.000 денари.

Ние во dm Македонија решивме да одвоиме дел од нашиот промет и да го донираме за хуманитарни цели. На 29 ноември 2019 година, во сите наши dm дрогерии во Македонија, инспирирани од светскиот настан Black Friday, ја реализиравме иницијативата под мотото Giving Friday, со слоганот #givingisthenewblack.