ИЗЈАВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ ДООЕЛ СКОПЈЕ
Датум на последно ажурирање: 02.02.2026
А. Одговорно лице – Контролор на лични податоци
Ние, ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ ДООЕЛ, ул. Даме Груев бр.7 Центар-Скопје, (во понатамошниот текст „dm“) како одговорно лице, односно Контролор на лични податоци во смисла на Законот за заштита на личните податоци („Сл. Весник на Република Северна Македонија бр.42/2020) (во понатамошниот текст ЗЗЛП) и Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) (во понатамошниот текст „ГДПР“), сме целосно посветени кон заштитата на Вашите лични податоци и се придржуваме до законските одредби за заштита на личните податоци.
Б. dm-zaedno.mk и онлајн услуги
Во понатамошниот текст сакаме да Ве информираме за тоа кои податоци за Вас ги собираме кога ги посетувате нашите интернет страници на https://www.dm-zaedno.mk/ и https://www.dm-idninakojainspirira.mk/ (која е главна платформа за кампањата „Иднина која инспирира“) (вклучувајќи ги и интегрираните страници) или кога ги користите нашите онлајн услуги и за која цел ги користиме Вашите податоци.
1. Општи информации за посета на интернет страници
Ние ги собираме и користиме личните податоци на нашите интернет корисници само во мера во која тоа е неопходно за обезбедување на функционална онлајн посета, како и на нашите содржини и услуги. Основа за собирање и користење на Вашите лични податоци како корисници е извршување на договор, Ваша согласност или наш легитимен интерес (член 6 став 1 од GDPR и член 10 став 1 од Законот за заштита на личните податоци).
2. Обезбедување на функционални веб-страници и креирање датотеки за евиденција (logfiles)
При секоја посета на нашите веб-страници, нашиот систем автоматски собира податоци и информации од компјутерскиот систем на компјутерот којшто го користите, како што се:
- Барање (Request) (Назив на бараната датотека;
- Тип и верзија на пребарувачот.
- Јазик на пребарувачот
- Користен оперативен систем.
- Внатрешна резолуција на прозорецот на пребарувачот.
- Резолуција на екранот.
- Активирање на Javascript.
- Java Вклучен / Исклучен.
- Колачиња (Cookies) Вклучени / Исклучени.
- Длабочина на боја.
- Референтен URL (претходно посетена страница).
- IP-адреса (анонимно).
- Време на отворање.
- Кликови.
Податоците се чуваат во датотеки за евиденција (logfiles) на нашиот систем. Анализите на овие збирки податоци за пријавување во анонимна форма служи за побрзо пронаоѓање на грешки и нивно најбрзо можно отстранување, како и за да ви ги прикажеме најпосетените пребарувања на нашата FAQ страница. Покрај тоа, на тој начин можеме да ги контролираме капацитетите на серверот и да продолжиме да ја подобруваме нашата понуда. IP-адресите ги користиме само во исклучителни случаи за анализа на злоупотреба.
Нашиот легитимен интерес за обработка на податоци за овие цели е во согласност со член 10 став 1 точка 6) ЗЗЛП и во согласност со § 6 став 1 f) ГДПР. Тоа е исто така правна основа за обработка. Во овој контекст, не правиме обработка на податоците за маркетинг цели. Зачуваните податоци во дакотеките за евиденција се бришат најдоцна по 30 дена.
3. Користење на колачиња (Cookies)
Обезбедување, изглед, сигурност и стабилност на веб-страните.
Нашите веб-страници користат таканаречени колачиња на повеќе места. Колачињата се мали текстуални датотеки, што може да се креираат на Вашиот компјутер и Вашиот пребарувач може да ги зачува. Овие податоци не се поврзуваат со други извори на податоци освен ако тоа служи за извршување на договорот склучен со Вас, ако имате дадено експлицитна согласност или за тоа постои законска или друга правна основа. При пристапување на нашата веб-страница, колачето може да се зачува во пребарувачот на уредот на корисникот. Ова колаче содржи карактеристична низа знаци кој овозможува јасна идентификација на пребарувачот при повторно посетување на веб-страницата. Повеќето колачиња што ги користиме се таканаречени „колачиња за сесија“ кои се бришат кога ќе го затворите пребарувачот. Покрај тоа, постојат и долгорочни колачиња, што ги користиме за повторно да ве препознаеме како посетител. Колачињата не нанесуваат штети на Вашиот компјутер и не содржат вируси.
Во колачињата се чуваат и обработуваат следниве податоци, односно информации:
- Функција на најавување (log in), времетраење: една сесија.
- Доколку е потребно, намалување на оптоварувањето, времетраење: една сесија.
- Податоци за идентификација и аналитика преку SAS Institute (видете точка 4 од овој дел).
- Правна основа: За основните колачиња кои се неопходни за функционалност и безбедност, правен основ е легитимен интерес (член 10 став 1 точка 6) ЗЗЛП / § 6 став 1 f) ГДПР). За колачиња за маркетинг, статистика и персонализација, правен основ е Вашата изрична согласност (член 10 став 1 алинеја 1 ЗЗЛП).
4. SAS Institute (за најавени учесници)
Ја користиме технологијата на друштвото SAS Institute GmbH за да Ви ја пружиме најдобрата можна поддршка бидејќи истата ни помага да разбереме кои страници и кои услуги ги преферирате, за кои производи најмногу сте заинтересирани и какви понуди да Ви подготвиме. За таа цел, SAS преку вашиот пребарувач поставува „колаче за сесија“ во наше име. „Колачето за сесија“ ни овозможува истовремено да ја евидентираме вашата посета на повеќе веб-страници. „Колачето за сесија“ се поставува повторно при секоја посета и истекува по напуштањето на нашите веб-страници. SAS исто така поставува привремено колаче кое ни овозможува псевдонимизирано да ве идентификуваме користејќи ID на колачето како посетител кој се враќа на нашите интернет страници. Привременото колаче се исклучува по 24 месеци по Вашата последна посета на нашата веб-страница.
Се собираат следниве податоци:
- Барање (Request) (Име на бараната датотека)
- Тип и верзија на пребарувачот, јазик на пребарувачот.
- Име на уредот и класа на уредот.
- Внатрешна резолуција на прозорецот на пребарувачот, резолуција на екранот, длабочина – шифра на боја.
- Активирање на Javascript, Java вклучен / исклучен, колачиња (cookies) вклучени / исклучени.
- Количина на пренесени податоци во мрежата во бајти и траење на преносот помеѓу пребарувачот на клиентот и серверот во милисекунди.
- Референтен URL (претходно посетена страница).
- Име на интернет провајдерот и географски податоци (земја, град/општина, поштенски број, географска ширина и географска должина) со IP адреса (пр. Северна Македонија, Скопје, 1000, 41.99646, 21.43141), при што самата IP адреса не се бележи.
- Време на отворање, кликови.
- Доколку користите формулари, се бележи само дали полето е „пополнето“ или „непополнето“. (Кај полињата со слободен внес на текст, пр. име и лозинка, се пренесува само информацијата „исполнето“ или „не е исполнето“).
Правен основ: Обработката на податоци е Вашата изрично дадена согласност, односно член 10, став 1 алинеја 1 ЗЗЛП. Оваа согласност можете да ја повлечете во секое време, со ефект во иднина, преку промена на изборот на Вашите поставки во банерот за колачиња.
В. УСЛУГИ КОИ ВИ ГИ НУДИМЕ
Учество во кампањата „Иднина која инспирира“
Општествено одговорната кампања „Иднина која инспирира“ на dm има за цел да го поддржи општествениот ангажман на граѓаните преку сопствен ангажман или во рамките на проект на здруженија, организации и институции. Кампањата се реализира на подрачјето на Р. Северна Македонија, а опфаќа општествен ангажман на граѓани и проекти на здруженија, организации и институции кои директно придонесуваат за развојот и напредокот на заедницата, општата заштита на животната средина и заедништвото и меѓусебната поддршка во рамките на заедницата.
Деталните услови за учество во оваа кампања се наведени во посебниот документ „Услови за учество во кампањата Иднина која инспирира“ и „Изјава за согласност за учество во кампањата Иднина која инспирира и користење медиуми“.
Типови на поддржани ангажмани/проекти:
- За правни лица (организации, здруженија, институции): Проекти кои исклучиво придонесуваат за унапредување на актуелните општествени прашања и предизвици. Фокусот е на ангажмани кои:
- Ги унапредуваат меѓучовечките односи и допринесуваат за поголема општествена блискост; поддршка на луѓе на кои тоа им е потребно; поддршка на семејства кои имаат потреба за помош; грижа за бездомни животни; други активности преку кои континуирано се дава поддршка на заедницата и социјално загрозена група на сограѓани.
- Поттикнуваат развој и напредок, особено во областите на социјална еднаквост и рамноправност, интеграција и инклузија; образование.
- Придонесуваат за заштита на животната средина во смисла на чистење, уредување зелени површини, чистење реки и речни корита, садење, пошумување, поставување корпи за отпадоци, рециклирање (upcycling) итн., ангажман за придонес во заштитата на климатските промени.
- За физички лица: Лични друштвени ангажмани кои придонесуваат за унапредување на актуелните општествени прашања и предизвици. Фокусот е на ангажмани кои:
- Унапредуваат меѓучовечките односи и допринесуваат за поголема општествена блискост.
- Поттикнуваат развој и напредок, особено во областите на еднаквост, интеграција и инклузија.
- Придонесуваат за заштита на животната средина.
- Податоци кои се собираат:
- За правни лица (подносители на проекти): Правен статус, Име на институција, Матичен број*, Адреса (улица, број, поштенски број, град), Адреса на веб-страницата на правниот субјект, е-пошта, број на телефон, Дејност на институција, Назив на проект, Опис и тип на проект, Податоци за контакт лице (име и презиме, е-пошта, телефонски број / број на мобилен телефон), тековна сметка, фотографија како илустрација на понудената волонтерска активност или досегашното дејствување, без крупен план на поединец / физичко лице, слика/видео од ангажманот. Правното лице гарантира дека контакт лицето е информирано за обработката на неговите лични податоци од страна на dm согласно оваа Изјава.
- За физички лица (учесници): Име и презиме, години, адреса (улица, број, поштенски број, град), е-пошта, број на телефон, назив на друштвениот ангажман, опис на друштвениот ангажман, име на профил на социјални мрежи (Instagram, Facebook, TikTok), доколку е потребно за кампањата, слика/видео од ангажманот.
- Цели на обработка: Прием, проверка и администрирање на пријави за проекти/ангажмани, комуникација со Вас, јавно објавување и промовирање на избраните проекти/ангажмани и нивните медиумски содржини на веб-страниците на dm, социјалните мрежи и други маркетинг канали.
- Правна основа:
- За личните податоци поврзани со поднесувањето на проект/ангажман (освен фотографии/видеа): Исполнување на договор (член 10 став 1 алинеја 2 ЗЗЛП) за Вашето учество во кампањата.
- За фотографиите/видеата од проектот/ангажманот: Вашата доброволно дадена изрична согласност (член 10 став 1 алинеја 1 ЗЗЛП).
- Рок на чување за податоци од пријава (освен фотографии/видеа): Личните податоци (освен фотографии/видеа) ќе бидат чувани до завршувањето на учеството во кампањата, и потоа најмногу 2 години од тој датум за потребите на административно управување и известување. Дополнително, податоците кои може да бидат релевантни за потенцијални правни побарувања или обврски (како што се барања за штета) ќе се чуваат најмногу до 5 години од завршување на кампањата.
- Рок на чување за фотографии/видеа: Фотографијата/видеозаписот (Материјалот) ќе се чува за промотивни цели до завршувањето на учеството во кампањата, и потоа најмногу 3 години од тој датум, или додека не ја повлечете Вашата согласност, во зависност од тоа што ќе настапи порано. Имате право да ја повлечете согласноста за обработка и објавување на Материалот во иднина и да побарате отстранување од онлајн каналите испраќајќи барање на zlp@dm.mk. По истекот на овој рок на чување или по повлекување на согласноста, Материалот ќе биде избришан или анонимизиран од сите наши активни промотивни канали.
I. БАРАЊЕ ЗА ДОНАЦИЈА И/ИЛИ СПОНЗОРТСВО
Заради обработка на Вашето барање за донација или спонзорство, ги прибираме следниве податоци кои се однесуваат на корисникот на донацијата и/или предлагачот на донацијата, во зависност од субјектот кој го поднесува барањето и во чие име:
- Назив на правното лице
- Правен статус на правното лице.
- Обраќање.
- Име и презиме
- Адреса (улица, број, поштенски број)
- Матичен број.
- Контакт податоци на лицето кое го поднесува барањето (e-mail адреса, телефонски број)
- Содржина на барањето
- Цел, форма, начин и приближна вредност на проектот
- Временски рок на проектот.
- Информации од приложена документација.
- Образложение на барањето.
Овие податоци се обработуваат со цел разгледување, селекција и реализација на донацијата. Информациите што ги доставувате се користат исклучиво за обработка на Вашето барање, давање потребни информации поврзани со донацијата и управување со процесот на донација.
- Одговорност на предлагачот: Ако податоците за корисникот на донацијата ги доставува предлагачот на донацијата, тогаш тој е одговорен за личните податоци. Предлагачот се обврзува да ги почитува сите релевантни закони за заштита на личните податоците и да преземе сите соодветни заштитни мерки при собирање, обработка и чување на податоците. Ова вклучува добивање на неопходни дозволи и согласности од корисникот на донацијата пред доставувањето на неговите податоци до нас.
1. Правна основа за обработка на податоци за барање за донација или спонзорство
- Легитимен интерес (член 10 став 1 алинеја 6 ЗЗЛП, односно член 6 став 1 f) од ГДПР) – да обезбедиме соодветен однос со подносителот на барањето, вклучувајќи давање одговор на Вашето барање, воспоставување и одржување на односи со вас, и обработка на вашето барање за донација.
- Исполнување на договор (член 10 став 1 алинеја 2 ЗЗЛП, односно член 6 став 1 б) ГДПР) – пријавата за учество во донацијата може да претставува преддоговорно дејствие неопходно за склучување на договорот. Обработката на податоци може да биде неопходна за успешно да се реализира договорот меѓу нас и Вас како корисник.
- Изрична согласност (член 10 став 1 алинеја 1 ЗЗЛП, односно член 6 став 1 а) ГДПР) – доколку сте ни дале дозвола да ги обработуваме Вашите лични податоци за одредени цели (на пример, за маркетинг активности).
2. Користење на Вашите податоци за маркетинг цели
Вашите податоци можеме да ги користиме за маркетинг цели, но само со Ваша изрично дадена согласност. Доколку дадете согласност за маркетинг материјали, можете во секое време да ја повлечете истата, следејќи ги упатствата за одјавување кои се содржани во нашите е-мејлови.
3. Период на чување на податоците за барање за донација
Податоците собрани за обработка на вашето барање за донација се чуваат онолку долго колку што е потребно за успешно спроведување на процесот на донација. Откако процесот на донација ќе заврши, податоците се чуваат во согласност со законските рокови за чување на податоци.
Во врска со законските обврски, како што се финансиски или даночни, рокот за чување податоци е 10 години од датумот на завршување на процесот.
- Фотографиите кои ни се испратени или кои сме ги направиле во рамките на нашиот однос, ќе се чуваат за промотивни цели до завршувањето на процесот на донација, а потоа најмногу 3 години од тој датум, или додека не ја повлечете Вашата согласност, во зависност од тоа што ќе настапи порано.
- Личните податоци (освен фотографии/видеа) ќе бидат чувани до завршувањето на процесот на донација, и потоа најмногу 2 години од тој датум за потребите на административно управување и известување. Дополнително, податоците кои може да бидат релевантни за потенцијални правни побарувања или обврски (како што се барања за штета) ќе се чуваат најмногу до 5 години од завршување на релевантната активност. По истекот на сите применливи периоди на чување, податоците ќе бидат анонимизирани или избришани, освен доколку посебни законски прописи не налагаат поинакво чување.
Ѓ. КОНТАКТ ФОРМА
1. ОПШТО
Ако имате прашања за dm, секогаш можете да се обратите на нашата служба за корисници. За таа цел постои контакт формулар кој можете да го користите за воспоставување комуникација по електронски пат. Кога користите контакт форма, ги собираме следниве лични податоци: име, презиме, е-пошта адреса и содржина на вашето барање. Овие податоци ги користиме исклучиво за обработка и одговор на вашето барање.
2. ПРАВНА ОСНОВА
Правната основа за обработка на овие податоци е член 10 став 1 алинеја 2 ЗЗЛП, односно член 6 став 1 б) од ГДПР, односно извршување на договор или преддоговорни мерки, како и член 10 став 1 алинеја 6) ЗЗЛП, член 6 став 1 f) од ГДПР, односно легитимен интерес на dm да комуницира со корисниците и да одговори на нивните барања.
3. РОК НА ЧУВАЊЕ
Вашите податоци ќе бидат зачувани додека е тоа неопходно за да Ви одговориме на Вашето барање,
односно најмногу 1 година по целосното разрешување на Вашето барање, освен ако не постои законска обврска за подолго чување (на пример, во случај вашето барање да се однесува на остварување на Вашите права како потрошувач).
Откако ќе се обработи Вашето барање, Вашите податоци ќе бидат зачувани во согласност со законските рокови за чување, а потоа ќе бидат трајно избришани или анонимизирани.
Ве молиме, не испраќајте преку контакт формата никакви чувствителни податоци, вклучувајќи податоци за здравјето, расна или етничка припадност, политички ставови, верски или филозофски убедувања, членство во синдикат, генетски податоци, биометриски податоци, сексуален живот или сексуална ориентација. Доколку ни доставите такви информации, ќе мораме веднаш да ги избришеме.
Е. КАТЕГОРИИ НА ПРИМАЧИ, ПРЕНЕСУВАЊЕ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ
Во принцип, не ги пренесуваме вашите податоци на трети лица, освен ако немаме законска обврска да го сториме тоа (пр. на барање на органи за кривично гонење) или ако Вашите податоци ни се потребни за вршење деловни активности или во рамките на реализација на некој договор. Тоа се на пр. компании за услуги за испорака, плаќање, управување со стоки, реализација на нарачки, даватели на веб-хостинг, комуникациски агенции, интерни, концернски или надворешни кориснички центри или даватели на ИТ-услуги. Во сите овие случаи строго се придржуваме до законските одредби.
Во овој контекст, податоците може да се пренесуваат и во други држави каде горенаведените договорни партнери евентуално имаат свое седиште, односно ги обработуваат податоците. Тоа се првенствено држави од Европскиот економски простор (ЕЕП), а и држави надвор од ЕЕП. Таквите земји може да имаат прописи за заштита на личните податоци кои се поинакви и нудат помала заштита од прописите на ЕУ.
Во случај, личните податоци да се обработуваат надвор од ЕУ и да не постои одлука за соодветност на Европската комисија, ние имплементираме соодветни безбедносни мерки, вклучувајќи договорни клаузули за заштита на личните податоци на ниво на стандардите на ЕУ или Агенцијата за заштита на лични податоци.
Ж. ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
[МАРКИРАНА ИЗМЕНА: ИНТЕГРИРАНО СОГЛАСНО ПРИЛОЖЕНИОТ ТЕКСТ СО ДОДАТОК НА TikTok И ПОЈАСНУВАЊА]
Со ова Ве известуваме дека на веб-страницата на dm можете да забележите линкови кои водат кон даватели на услуги на социјални мрежи и ќе ги препознаете по логото. Со кликнување на нив доаѓате до нашите мрежни страници на тие социјални мрежи, како што се Facebook, Instagram, TikTok, YouTube, итн. Кога ги посетувате нашите страници на овие мрежи, собираме само податоци кои овие платформи ни ги овозможуваат. Ова може да вклучува вашата IP адреса, информации за страниците што сте ги посетиле на нашата страница, датум и време на посета итн.
- Заедничка одговорност: При користење на нашите страници на социјалните медиуми, dm и давателот на услуги на социјални медиуми може да дејствуваат како заеднички контролори за одредени операции на обработка на податоци. dm добива анонимизирани статистички податоци за да го подобри квалитетот на содржината и ангажманот. За детални информации за обработката на податоци од страна на соодветниот давател на услуги, Ве молиме погледнете ја нивната политика за приватност.
- Директни пораки: Податоците од директни пораки (DM) ги користиме за да одговориме на Вашите прашања. Маркетинг пораки преку DM бараат Ваша согласност.
- Податоци од натпревари на социјални мрежи: Податоците собрани за учество во наградни игри или натпревари на социјални мрежи се собираат и чуваат само за краток период за целите на спроведување на играта и доделување на награди.
- Вградени видеа од YouTube: Кога се вградени YouTube видеа на нашите веб-страници, Вашата IP адреса се споделува со YouTube само откако ќе го активирате видеото.
1. FACEBOOK
Кога ја посетувате нашата Facebook страница, Facebook Ltd., 1 Hacker Way, Menlo Park, CA 94025 во САД, како давател на услуги, собира податоци за Вашето корисничко однесување, интеракција и употреба на страницата. Овие податоци се статистички прикажани од Facebook и ни се достапни нам. На овие процеси на собирање лични податоци немаме директно влијание.
Собирањето и обработката на податоци на Facebook се одвива во согласност со условите за користење и политиката за приватност на Facebook. За повеќе информации, Ве молиме прочитајте ја политиката за приватност на Facebook на:
https://www.facebook.com/policy.php Податоците кои се собираат преку Facebook се чуваат во согласност со условите за користење и политиката за приватност на Facebook.
2. YOUTUBE
Нашиот YouTube канал ја користи платформата YouTube, која е услуга на компанијата Google LLC., 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, САД. При посетата на нашиот YouTube канал, Google собира информации за вашето корисничко однесување, интеракција и употреба на каналот. Собирањето и обработката на податоци на YouTube платформата се одвива во согласност со условите за користење на Google и политиката за приватност. За повеќе информации, Ве молиме прочитајте ја политиката за приватност на Google на:
https://policies.google.com/privacy Податоците кои се собираат преку YouTube се чуваат во согласност со условите за користење и политиката за приватност на Google.
3. INSTAGRAM
Кога ја посетувате нашата Инстаграм страница, Instagram Inc., 1601 Willow Road, Menlo Park, CA, 94025, САД, собира податоци за вашето корисничко однесување, интеракција и употреба на страницата. Овие податоци се статистички прикажани од Инстаграм и ни се достапни нам. Собирањето и обработката на податоци на Инстаграм се одвива во согласност со условите за користење и политиката за приватност на Инстаграм. За повеќе информации, Ве молиме прочитајте ја политиката за приватност на Инстаграм на:
https://help.instagram.com/519522125107875 Податоците кои се собираат преку Инстаграм се чуваат во согласност со условите за користење и политиката за приватност на Инстаграм.
4. TikTok
Кога ја посетувате нашата TikTok страница, TikTok Inc., 5800 Bristol Parkway, Culver City, CA 90230, USA, собира податоци за Вашето корисничко однесување, интеракција и употреба на страницата. Овие податоци се статистички прикажани од TikTok и ни се достапни нам. Собирањето и обработката на податоци на TikTok се одвива во согласност со условите за користење и политиката за приватност на TikTok. За повеќе информации, Ве молиме прочитајте ја политиката за приватност на TikTok на:
https://www.tiktok.com/legal/privacy-policy?lang=en Податоците кои се собираат преку TikTok се чуваат во согласност со условите за користење и политиката за приватност на TikTok.
З. Права на поединецот и Офицер за заштита на лични податоци
1. Општи информации за Вашите права
Нашите посетители на веб-страницата и учесниците во проектите имаат право на информација за обработката на нивните лични податоци, право на преносливост на податоци како и евентуално право на бришење, исправка, ограничување на обработката и/или приговор против обработката.
- Право на пристап (чл. 19 ЗЗЛП): Да добиете потврда дали се обработуваат Ваши податоци и пристап до нив.
- Право на исправка (чл. 20 ЗЗЛП): Да побарате исправка на неточни или дополнување на нецелосни лични податоци.
- Право на бришење („право на заборавање“) (чл. 21 ЗЗЛП / чл. 17 ГДПР): Вашите лични податоци ќе бидат избришани доколку станале непотребни за целите за кои биле собрани или обработени, ако ја повлечете согласноста на која се заснова обработката и нема друга правна основа за обработка, или ако Вашите податоци биле незаконски обработени.
- Право на ограничување на обработката (чл. 22 ЗЗЛП): Да побарате ограничување на обработката, доколку се исполнети одредени услови.
- Право на преносливост на податоци (чл. 23 ЗЗЛП): Да ги добиете Вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат.
- Право на повлекување на согласност: Доколку обработката се базира на согласност, имате право да ја повлечете Вашата согласност во секое време.
2. Посебни напомени за правото на приговор согласно член 25 ЗЗЛП, односно § 21 ГДПР
Имате право, во секое време и од причини поврзани со вашата специфична ситуација, да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци која се заснова на нашиот легитимен интерес (согласно член 10 став 1 точка 6) од ЗЗЛП, односно член 6 став 1 f) од GDPR). Ова вклучува и профилирање кое се врши врз истата правна основа (член 4 точка 4 ЗЗЛП, односно § 4 бр. 4 ГДПР).
Доколку поднесете приговор, ние веднаш ќе престанеме со обработка на Вашите лични податоци, освен ако можеме да приложиме убедливи причини за таквата обработка кои преовладуваат над вашите интереси, права и слободи или ако обработката служи за поставување, реализација или одбрана на правни барања.
Доколку вашиот приговор е насочен против обработка на податоци за директен маркетинг врз основа на член 10 став 1 алинеја 6 ЗЗЛП, односно § 6 став 1 f) ГДПР, ние веднаш ќе ја запреме обработката.
3. Офицер за заштита на лични податоци
За прашања во врска со заштитата на податоците и Вашите лични податоци кај dm, можете да се обратите до нашиот Офицер за заштита на податоците
- Преку е-маил: zlp@dm.mk
- Преку контакт телефон: 072 256 306 или 02/3222 733.
- Преку пошта на:
Друштво за трговија и услуги
ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје,
Даме Груев бр.7, 1000 Скопје
4. Право на поднесување жалба
Можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци преку долунаведените контакт детали:
- Агенција за заштита на лични податоци
- Адреса: бул.„Гоце Делчев“бр. 18, (зградата на Македонска радио телевизија МРТВ – кат 14)
- Веб-страна: https://azlp.mk/
- Е-пошта: info@privacy.mk
- Телефон: + 389 (2)3230 635
И. Измени на Изјавата за заштита на лични податоци
Оваа Изјава за заштита на лични податоци може да биде ажурирана од време на време за да се одразат промените во нашите практики за приватност, законските барања или регулаторните измени. Сите измени ќе бидат објавени на оваа страница, а доколку се значајни, ќе Ве информираме и преку други соодветни канали (на пр. преку е-пошта или известување на веб-страницата). Ве охрабруваме редовно да ја прегледувате оваа страница за најнови информации за нашите практики за приватност.