dm заедништво
BESTIE - никогаш повеќе сама
време за читање: мин

BESTIE - никогаш повеќе сама

" Здраво, јас сум Бести и со мене никогаш повеќе не си сама! “ – вака гласи пораката на иновативната и инспиративна кампања на dm која ја осветлува важната тема за менструална хигиена и ја подига свеста за менструалната правда во нашата земја

Со главниот лик на кампањата Бести - новата виртуелна најдобра другарка на секоја студентка, е отворен проектот кој е наменет за намалување на менструалната сиромаштија во нашата земја, преку поставување на 200 диспанзери за хигиенски влошки во сите државни факултети и обезбедување на бесплатни влошки за студентките. Бести ќе ги поддржува студентките со сигурност и надеж, а во текот на кампањата се организираат и панел-дискусии, предизвици и едукативни содржини.

dm и Бести - заедно во академската 2025/2026 година

Проектот "Никогаш повеќе сама" кој компанијата dm drogerie markt го реализира со цел напредување на менструалната правда и обезбедување бесплатни хигиенски влошки за студенките на државните факултети, продолжува и во вториот семестар од студентската 2025/2026 година. Врз основа на досегашните резултати и утврдените потреби, проектот влегува во следната фаза со проширен обем и дополнително зајакнати активности. Во рамки на вториот семестар веќе се распределени повеќе од 6.000 пакувања влошки Jessa, односно повеќе од 200.000 поединечни хигиенски влошки, со вредност од 655.000 денари. Оваа донација се надоврзува на првиот семестар, кога во октомври 2025 година беа распределени 3.850 пакувања, односно повеќе од 120.000 поединечни Jessa влошки, со вредност од 420.000 денари. Со вкупната донација во двата семестри, во текот на студенстката 2025/2026 година, се обезбедени повеќе од 320.000 поединечни влошки, чија вредност надминува 1 милион денари.

Поддршката претставува продолжение на активностите започнати во октомври 2024 година, кога проектот "Никогаш повеќе сама" беше воспоставен на сите државни факултети низ земјата, преку поставување на повеќе од 220 диспанзери со бесплатни хигиенски влошки.

dm и Бести - заедно во академската 2024/2025 година

Со донација на повеќе од 200 диспанзери минатата година и повеќе од 100.000 хигиенски влошки на сите државни факултети, dm покажа дека грижата за жените и нивното здравје е приоритет. Оваа година, тие продолжуваат со полна пареа со снабдување на универзитетите со нова количина од речиси 130.000 хигиенски влошки од приватната марка Jessa за новиот семестар. Со ова, вредноста на овој проект досега изнесува речиси 2 милиони денари. Во текот на студентската 2024/2025 година, во двата семестра, беа донирани 230.000 поединиечни Jessa влошки, со што вредноста на донацијата беше 1,8 милиони денари.