Ветерница на одржливост
Насоки за одржливо делување во dm
Во dm, дел од деловната филозофија е да се дејствува на одржлив, иновативен и oсмислен начин. За да бидат принципите на таквото одржливо делување појасни, dm разви концепт наречен „Ветерница на одржливосt“. Овој концепт ги сумира водечките принципи на одржливо работење и ја илустрира поврзаноста и меѓусебното делување на сите елементи. Тој им служи на вработените како водилка и им помага свесно да ги вклучат различните димензии на одржливоста во секојдневните одлуки.
Човекот во центарот на вниманието
Нашето срце чука за луѓето. Затоа луѓето се во центарот на сè што правиме – без разлика дали станува збор за купувачи, вработени или партнери. Луѓето се тие кои ја сочинуваат нашата компанија. Како dm деловна заедница, сакаме да придонесеме за развојот на светот во иднината во согласност со човечките потреби – одржливо, иновативно и осмислено. Социјалната благосостојба и ориентацијата кон човекот сакаме да ги поставиме како темел на сите одлуки.
Ветерницата на одржливост се состои од три клучни димензии, кои одговараат на трите крилја на ветерницата. Заедно, тие претставуваат сеопфатна ориентација на dm кон одржливоста. Овие елементи – делување во согласност со заедницата, делување во согласност со природата, како и делување со цел развој и напредок – се тесно поврзани и покажуваат дека одржливото делување секогаш е мултидимензионално. Клучниот фактор во сето тоа е корпоративната култура, која ги става луѓето во центарот на вниманието.
Нашата дијалошка деловна култура ни овозможува целно да напредуваме, да учиме еден од друг и да делуваме одржливо. При тоа важен е секој поединец. Нашата деловна заедница постојано се развива врз основа на она што нашите колешки и колеги го постигнуваат секојдневно во своето непосредно работно опкружување. Дијалогот е клучен, бидејќи секоја размена води до нови сознанија и ја зајакнува заедницата. Меѓутоа, дијалогот за нас не е само водење разговор, туку и начин на кој се однесуваме еден кон друг – отворено, добронамерно и со смисла. Оваа отворена корпоративна култура создава услови за агилно справување со промените и заедничко преземање одговорност.
Три димензии за одржливо делување
„Развој и напредок“ – иновација и економска одржливост
Поединечните потреби на нашите купувачи, општествените промени, па дури и неочекуваните настани, ги гледаме како можност за создавање нешто ново. Треба да останеме флексибилни за да можеме навремено да ги започнеме потребните процеси на промена и да овозможиме напредок. Затоа негуваме начин на работење што се темели на долгорочно, стабилно управување и поттикнувањее смислени иновации. Развојот и напредокот во dm се синоними за економската одржливост: со проактивно делување и континуирана иновација сакаме да обезбедиме долгогодишен успех и отпорност на компанијата, без да ја заборавиме одговорноста кон идните генерации.
„Во согласност со природата“ – еколошка одговорност
Природата е извор и основа на човечкиот живот. На нас е да дејствуваме во согласност со природата, да ѝ дадеме можност преку обновување и да ја зачуваме за идните генерации. Како деловна заедница, сакаме да дадеме свој придонес: паметно користење на природните ресурси, намалување на негативното влијание врз животната средина и заштита на биодиверзитетот. Ова исто така значи дека размислуваме во циклуси и се стремиме да ги затвориме. Оваа димензија на ветерницата претставува еколошка одржливост: dm сака да работи во рамките на границите на планетата и активно да придонесува за заштита на животната средина за да се обезбеди одржлива и квалитетна животна средина денес и утре.
„Во согласност со заедницата“ – заедништво и општествен ангажман
Само заедничкото делување може да го направи светот во иднина подобар за нас. Бидејќи ние, луѓето, секогаш сме дел од заедница. Само преку заедништво може да се создаде меѓусебна поддршка, каде што соработката на поединци врз основа на култура на дијалог создава заедница во која секој поединец може да учествува и да придонесува. За нас како деловна заедница, ова исто така значи создавање стратешки соработки и партнерства, ангажирање надвор од рамките на компанијата со цел создавање општество вредно за живеење и дејствување во корист на општото добро. Оваа трета димензија истакнува дека dm ја препознава својата одговорност и надвор од сопственото работење: преку соработки, општествен ангажман и поддршка за општото добро сакаме активно да придонесеме за позитивен општествен развој.
Заклучок
Компас за одржлив развој на компанијата: ветерницата на одржливост ја илустрира сеопфатната стратегија на одржливост на dm и служи како компас за вработените и менаџментот. Трите димензии се меѓусебно испреплетени и јасно покажуваат дека одржливото делување може да биде успешно само преку нивната меѓусебна поврзаност. Со примената на овие принципи во стратегијата на компанијата и редовните проверки преку анализа на релевантноста сакаме да осигураме дека dm останува одржлив денес и утре – за доброто на луѓето, животната средина и општеството.