dm заедништво
иднина која инспирира

Правила и услови за пријава на проект
на институции,здруженија и организации, на конкурсот „Иднина која инспирира“

во организација на Друштвото за трговија и услуги дм дрогерие маркт дооел увоз-извоз Скопје, со седиште на улица Даме Груев бр.7, 1000 Скопје, даночен број: 4080012526359 и матичен број: 6757685 (во понатамошниот текст: „Организатор“).
Датум на распишување на конкурсот: 02.03.2026 година
Рок за пријава: до 31.07.2026 година до 23:59 часот.
Почеток на реализација на одбраните проекти: од септември 2026.

I. Општо за конкурсот ,,Иднина која инспирира“


Целта на конкурсот е да се изберат и поддржат проекти кои подразбираат доброволен ангажман, активно учество на граѓани и имаат социјална или еколошка цел („Заедно едни за други“, „Развој и напредок“, „Во согласност со природата“, односно:
  • ги унапредуваат меѓучовечките односи и допринесуваат за поголема општествена блискост; поддршка на луѓе на кои тоа им е потребно; поддршка на семејства кои имаат потреба за помош; грижа за бездомни животни; други активности преку кои континуирано се дава поддршка на заедницата и социјално загрозена група на сограѓани;
  • поттикнуваат развој и напредок, особено во областите на социјална еднаквост и рамноправност, интеграција и инклузија и образование;
  • придонесуваат за заштита на животната средина во смисла на чистење, уредување зелени површини, чистење реки и речни корита, садење, пошумување, поставување корпи за отпадоци, рециклирање (upcycling) итн., ангажман за придонес во заштитата на климатските промени.
Проектите задолжително мора да содржат волонтерски ангажман обезбеден од страна на Подносителот на проектот или можност за волонтерски ангажман на граѓани.

II. Правила и услови за пријава

Право на учество на конкурсот и пријавување на проекти имаат:
  • организации, здруженија, институции и други регистрирани непрофитни правни лица. Тоа подразбира регистрирани невладини организации, здруженија, установи како што се различни центри, домови, друштва и др., училишта, единици на локална самоуправа (градови, општини) со седиште во Р. Северна Македонија;
  • Не е дозволено пријавување на проекти од страна на физички лица, трговски друштва и компании;
  • Проектите мора да подразбираат ангажман на волонтери или можност за вклучување на волонтерски труд;
  • Можно е повеќе пријави на проекти од ист Подносител, најмногу три независни проекти;
  • За секоја пријава на Проект се пополнува посебен формулар за пријава.
Цели на проектот:
Здруженија, организации и институции можат да пријават проекти за развој и напредок на заедницата, заштита на животната средина, како и поттикнување на солидарност и меѓусебна поддршка. Темите може да вклучуваат:
  • интеграција и инклузија;
  • образование;
  • општествена еднаквост и рамноправност;
  • критичко размислување;
  • заштита и зачувување на животната средина (чистење, садење, пошумување итн.);
  • активности насочени кон климатска акција;
  • социјална блискост и помош;
  • поддршка на лица во социјална потреба;
  • поттикнување и поддршка на семејства во потреба;
  • други иницијативи со долгорочна и континуирана поддршка на заедницата.

III. Начин за пријавување и содржина на пријавата

Пријавата на општествено одговорен проект е возможна онлајн на платформата www.dm-idninakojainspirira.mk во период од 02.03. до 31.07.2026 година.

  • Учеството се остварува со поднесување пријава преку целосно пополнување на онлајн формулар и прикачување на соодветните документи, и тоа:
1.Детално разработен проект со временски план (во Word/Excel документ);
2.Детално разработен буџет потребен за реализација на проектот (во Word/Excel документ);
3.Тековна состојба од Централен регистар за Подносителот на проектот што го докажува статусот на Подносителот на проектот;
4.Дозволи или одобренија од надлежни органи, доколку се потребни за реализација на проектот;
5.По желба, фотографии од реализација на проектот.

Без наведеното (со исклучок на фотографии), испратената пријава нема да се смета за целосна. Сето наведено може да се приложи на крајот на онлајн пријавните формулари како прилог.
  • Непотполни пријави и пријави без наведените документи нема да се разгледуваат;
  • Пријавените проекти, по интерна проверка, може да бидат објавени во медиуми кои се погодни за целите на кампањата, особено на платформите dm-idninakojainspirira.mk и dm-zaedno.mk, како и во комуникациските материјали на dm во печатен, звучен, сликовен и/или видеоматеријал, односно во каков било онлајн/офлајн облик и канал на комуникација, во обем потребен за кампањата и во согласност со правилата за заштита на податоците;
  • Пријавените проекти не е дозволено да бидат поврзани со која било политичка партија;
  • Пријава на проектот е дозволеан доколку истиот се спроведува на територија на Република Северна Македонија.
Организаторот го задржува право да дисквалификува одреден Проект ако постојат оправдани причини, особено ако постои оправдан сомнеж за манипулација или кршење на условите за учество. Пријавата на проект е бесплатна и независна од купување на производи или нарачување услуги во dm.

IV. Критериум за избор на проекти

Пријавите ќе ги оценува комисија составена од претставници на Организаторот и надворешни експерти, согласно критериумите наведени подолу. Ќе се разгледуваат само комплетни и навремени пријави.

Критериуми за избор:
  • прописно и целосно пополнет онлајн формулар за пријавување преку платформата www.dm-idninakojainspirira.mk и целосно доставена барана документација;
  • проценка на корисноста на проектот за локалната/пошироката општествена заедница;
  • долгорочна одржливост на проектот;
  • квалитет и оригиналност на проектот;
  • финансиска транспарентност и ефикасност на проектот;
  • јасно дефинирани чекори на реализација на проектот;
  • јасно дефинирани и прецизно планирани трошоци на проектот и нивната намена;
  • нов или веќе постоечки проект;
  • проектот следи општествено одговорни и/или еколошки цели и волонтерски ангажман.

Подносителите на избраните проекти ќе бидат известени во септември 2026.

Организаторот го задржува правото да го продолжи рокот за известување за дополнителни 30 дена поради непредвидени причини, со соодветно известување преку официјалните канали.

V. Критериуми за одбивање на пријави

Критериуми за одбивање на пријави се следниве:
  • Пријави што не ги исполнуваат критериумите;
  • Политички мотивирани проекти;
  • Краткорочни и неефикасни проекти;
  • Проекти без волонтерски ангажман;
  • Проекти исклучиво фокусирани само на финансиска поддршка.

VI. Поддршка за избраните проекти

Компанијата дм дрогерие маркт дооел ќе обезбеди поддршка на избраните проекти исклучиво преку:

1.финансирање на производи од dm асортиманот;
2.финансирање на услуги и/или набавка на потребни материјали и опрема за реализација на проекти;
3.директни уплати на сметката на Подносителот на проектот;
4.комбинација од претходните ставки.


По завршувањето на проектот, носителот на проектот е обврзан да достави извештај за реализација на проектот во Word документ со разработени ставки за кои Организаторот извршил уплата на средства.
Организаторот нема да финансира волонтерски ангажман. Истиот е задолжителен составен дел на реализацијата на проектот. Волонтерскиот ангажман во рамките на проектот е заснован на доброволна основа на учесниците и не подразбира хонорар.
Бројот на проекти кои ќе бидат избрани за реализација не е однапред дефиниран. Минималниот и максималниот износ на поддршка на проектот не е однапред дефиниран.
Вредноста на поддршката ќе се определува поединечно во зависност од проектот и неговата одржливост, корисност и други фактори.

VII. Права и обврски

  • Подносителот на проекти се должни да ги почитуваат сите важечки законски прописи, како и одлуките и налозите на надлежните органи, и ја сносат целата одговорност за својата пријава. Организаторот не е должен да ја проверува правната и законска дозволеност на пријава на проектот;
  • Подносителот на проекти ги прифаќаат правата и обврските утврдени со овие правила и должни се да се придржуваат до истите; во случај на непочитување на правилата и неисполнување на обврските, Подносителите ќе се сметаат за единствено одговорни и ќе бидат дисквалификувани во понатамошниот процес;
  • Подносителот на проектот ја гарантира точноста и вистинитоста на сите податоци што се наведени во пријавата, како и на приложените документи кон истата;
  • Организаторот го задржува правото да го дисквалификува пријавениот проект, особено доколку истиот не одговара на овие правила и услови за пријавување, ги загрозува правата на трети лица или поради несоодветно однесување на носителот на пријавата;
  • Организаторот не сноси одговорност за недостатоците во пријавите, ниту за недостатоци што може да произлезат од причини што не зависат од Организаторот;
  • Организаторот го задржува правото во секое време без наведување на причини да ги промени условите за пријавување во рамките на кампањата „Иднина која инспирира“, особено доколку тоа биде потребно поради виша сила или надворешни околности на кои не може да влијае, или ако само на тој начин биде загарантирано уредно спроведување на кампањата. Исто така, Организаторот го задржува правото во секое време без наведување на причини да се откаже од спроведувањето на кампањата „Иднина која инспирира“;
  • Подносителот на проект гарантира дека е единствен сопственик на правата на фотографиите/видеозаписите што ги објавува во текот на ова учество и дека со нивното објавување не се повредуваат права на трети лица;
  • Подносителот на проект ќе му ја надомести штетата што Организаторот ќе ја претрпи поради повреда на авторски права, жиг, приватност или друга повреда на лични или имотни права направена во врска со ова учество;
  • Подносителот на проект ги презема сите барања за надомест или слични барања од трети лица, особено оние кои се поставуваат врз основа на надомест на штета или гаранција. Во случај трети лица да поднесат барања кон Организаторот, носителот на општествениот ангажман/проект целосно ќе го заштити Организаторот од сите побарувања;
  • Организаторот на Подносителите на избраните проекти ќе им достави предлози на договори за донација и соработка со цел потпишување и склучување на договори;
  • Подносителот на проектот е одговорен за спроведување на проектот и е должен добиените средства од Организаторот да ги искористи исклучиво за целта на спроведувањето на проектот;
  • Подносителите на избраните проекти се должни, во рок од 5 дена од приемот на Известувањето за одлуката за избор на проектот, од страна на Организаторот, да ја достават целата потребна документација за изготвување на Договорот за донација;
  • Организаторот го задржува правото во секое време од Подносителот на проектот да побара дополнителни информации за проектот;
  • Подносителот на проектот има право да ја повлече пријавата преку е-пошта на адресата zaedno@dm.mk, но со тоа ја губи можноста за понатамошно учество;
  • При пријава на проектот, се прифаќа користење на сите информации за промоција на проектот во медиуми, од страна на Организаторот, а во согласност со Изјавата за заштита на лични податоци ;
  • Подносителот гарантира дека е единствен сопственик на авторските права на материјалите кои ги доставил со пријавата на проектот;

VIII. Изјава за заштита на лични податоци

1. Образец за испраќање фотографии од проект или општествен ангажман
Со прикачување фотографии („Материјал“), Подносителот се согласува Организаторот да ги користи за реализација и промоција на кампањата „Иднина која инспирира“, на официјални платформи и комуникациски канали.
Подносителот гарантира дека има овластување и не ги прекршува права на трети лица, а доколку има други лица во кадар, истите да бидат анонимизирани.
Подносителот може во секој момент да ја повлече согласноста преку писмено барање на мејл адресата zlp@dm.mk. Повлекувањето не влијае на веќе извршената обработка.

Со својата пријава, како Подносител на Проектот се согласувам и дозволувам податоците за проектот изнесени во формуларот за пријавување на проекти, Организаторот, да ги користи и јавно да ги прикажува за реализација и промоција на кампањата „Иднината која инспирира“ особено на платформите dm-idninakojainspirira.mk и dm-zaedno.mk, како и во останатите канали на dm (печатени, звучни, сликовни и/или видео материјали, онлајн и или офлајн канали) во врска со кампањата во согласност со рокот на чување наведен во Напомената за заштита на податоците.

Со доставувањето на пријавата, Подносителот потврдува и гарантира дека е овластен да ги достави податоците и документите во формуларот за пријава и дека со нивно користење и објавување нема да се повредат права на трети лица (вклучувајќи авторски права, права на приватност и право на сопствен лик).

Во случај на повреда на авторски права, жиг, приватност или други лични или имотни права кои би се случиле во врска со оваа пријава, dm не сноси одговорност кон трети лица чии права биле повредени. Учесникот се обврзува да му надомести штета на dm која dm ќе ја претрпи поради таква повреда.

Поднесителот на проектот може во кое било време да ја повлече согласноста за обработка и објавување на информации за пријавениот проект во иднина и да побара отстранување од онлајн каналите испраќајќи барање на zlp@dm.mk. Повлекувањето на согласноста не влијае на легитимноста на обработката извршена пред повлекувањето. dm напоменува дека веќе отпечатените или емитуваните материјали не можат да бидат повлечени наназад поради технички причини.

2. Напомена за заштита на податоците

Организаторот за потребите на преземање, проверка и управување со пријавата на Вашиот проект/ангажман, комуникација со Вас, како и за евентуална објава и поддршка на пријавата, ги обработува следниве податоци:

Податоци за подносителот на проекти:

  • Име на институција*
  • Адреса (улица, број, поштенски број, град)*
  • Е-пошта*
  • Број на телефон
  • Веб-страница
  • Дејност на институција*
  • Назив на проект*
  • Опис и тип на проект*
  • Носител на проектот (име и презиме, телефонски контакт)*
  • Тековна сметка од организацијата, здружението или институцијата*

Податоците означени со ѕвездичка се задолжителни и без нивно пополнување пријавата нема да може да биде разгледана ниту објавена.

Податоците дадени во формуларот по правило не се доставуваат на трети лица. Во рамки на техничкиот развој и одржување на платформата, нашите ИТ даватели на услуги имаат пристап до платформата www.dm-idninakojainspirira.mk и dm-zaedno.mk (и податоците кои се чуваат на неа) и можат да имаат седиште во Австрија, вклучително и друштвото dm drogerie markt GmbH, FN 67493f, Günter-Bauer-Straße 1, A-5071 Wals (Австрија). Пристапот се остварува исклучиво за техничка поддршка, развој и одржување на платформата, со примена на договорни и техничко-организациски мерки за заштита.

  • Личните податоци (освен фотографии/видеа) ќе бидат чувани до завршувањето на учеството во кампањата, и потоа најмногу 2 години од тој датум за потребите на административно управување и известување.
  • Дополнително, податоците кои може да бидат релевантни за потенцијални правни побарувања или обврски (како што се барања за штета) ќе се чуваат најмногу до 5 години од завршување на кампањата.
  • По истекот на сите применливи периоди на чување, податоците ќе бидат анонимизирани или избришани, освен доколку посебни законски прописи не налагаат поинакво чување.
  • Фотографијата/видеозаписот ќе се чува за промотивни цели до завршувањето на учеството во кампањата, и потоа најмногу 3 години од тој датум или додека не ја повлечете Вашата согласност, во зависност од тоа што ќе настапи порано.
  • Правната основа за обработка на податоците во рамки на пријавата на проект/ангажман претставува чл. 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на лични податоци („Сл. Весник на Република Северна Македонија бр.42/2020) („Закон“), договор склучен помеѓу Вас и dm со прифаќањето на овие услови и поднесувањето на пријавата. Правната основа за обработка на фотографијата/видеозаписот претставува Вашата доброволно дадена изречна согласност согласно чл. 10 став 1 алинеја 1 од Законот.
  • Подетални информации за заштитата на податоците, особено за Вашите права во согласност со Законот, се достапни во нашата Изјава за заштита на податоците и во нашата Политика за заштита на лични податоци.

IX. Завршни одредби

Се договара исклучива применa на македонското право и исклучива надлежност на надлежниот суд во Скопје.
Доколку поединечни одредби од овие Услови за учество бидат поништени или неважечки или тоа подоцна станат, тоа нема да влијае на валидноста и примената на преостанатите одредби. На место на такви одредби се применува соодветна одредба која по својата цел и правен смисол најмногу одговара на намерите на неважечката одредба.

X. Дополнителни информации

Сите прашања поврзани со пријавувањето на проекти и нивната објава на платформата www.dm-idninakojainspirira.mk може да ги доставите на Е-маил адресата zaedno@dm.mk.