{Заедно} Едни за други

Заедно | dm Македонија

Со задоволство го најавуваме отворањето на конкурсот ,,Зелена иднина: од градинка до училиште“ на кој може сите државни и општински градинки, основни и средни училишта да го пријават својот двор за хортикултурно уредување и раззеленување!

Прочитајте повеќе за правилата и условите за учество и пријавете го своето училиште или својата градинка!

{ЗАЕДНО} до зелени идеи

Секој чекор за заштита на нашата Планета Земја е и повеќе од потребен! Земјата не е само наш дом, таа е нашата иднина.

Оваа година, во месец февруари го објавивме нашиот конкурс „ЗАЕДНО до зелени идеи“ со цел да поддржиме проекти кои се посветени на зелени и одржливи иницијативи.


Денот на Планетата Земја решивме да го прославиме со објава на избраните проекти од нашиот конкурс: ,,ЗАЕДНО до зелени идеи!“ кои ги поддрживме во нивната реализација со повеќе од 1 милион денари.

Проектите може да ги погледнете во продолжение!

Одбрани проекти {ЗАЕДНО} до зелени идеи 2025 г.

{Заедно} Едни за други



Уште од самото оформување како економска заедница, dm како компанија тежнее да делува како пример во своето опкружување. Како општествено одговорна компанија, dm настојува да пружа поддршка на сите општествени групи, онаму каде што истата е потребна, како и директно да влијае на социјално-одговорната и еколошката свест на заедницата. Посветено работи на подобрување на општествените околности преку различни ангажмани, проекти, донации и спонзорства.

Следејќи ја својата корпоративна филозофија {Заедно} Едни за други, dm, заедно со своите вработени, но и со своите посветени купувачи, делува кон подобрување на социјалните, културните и еколошките услови во општеството и во кое работи и делува.

Top