dm заедништво
Зелена иднина: од градинка до училиште
време за читање: мин

Зелена иднина: од градинка до училиште

Заокружување на првиот циклус од зелениот конкурс на dm: во април раззеленети дворовите на две воспитно-образовни установи во Охрид и Велес

Проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, кој dm drogerie markt го реализира со Македонското еколошко друштво (МЕД), доби ново продолжение на 7 и 8 април, при што во дворовите на основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид и Државното средно училиште - Регионален центар за стручно образование и обука „Коле Неделковски“ во Велес беа засадени вкупно 90 садници со вкупна вредност од 225.400 денари.

Со овие активности, двете образовни институции добија поуреден, позелен и попријатен изглед, а воедно се создадоа и подобри услови за престој, едукација и секојдневни активности на учениците. Акциите се одвиваа во инспиративна атмосфера, со активно учество и интерес, а благодарение на стручната поддршка од МЕД, ова искуство имаше и едукативен и мотивирачки карактер.

Продолжуваат активностите од зелениот конкурс на dm: во март раззеленети дворовите на две воспитно-образовни установи во Куманово и Гевгелија

Во рамките на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, компанијата dm drogerie markt продолжува со активности за раззеленување и уредување на дворовите на воспитно-образовни установи, кои се реализираат во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД). На 23 и 27 март беа спроведени нови акции за пошумување во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово и во градинката „Детска радост“ во Гевгелија, при што беа засадени вкупно 133 садници.

Со овие активности, дворовите на двете установи добија поуреден, позелен и попријатен изглед, а воедно се создадоа и подобри услови за престој, игра и едукација на учениците и децата. Акциите се одвиваа во позитивна атмосфера, со активно учество и интерес, а благодарение на стручната поддршка, ова искуство имаше и едукативен и мотивирачки карактер. Воедно, беа реализирани и едукативни предавања од експерти на Македонското еколошко друштво (МЕД), преку кои учениците имаа можност одблиску да се запознаат со значењето и важноста на грижата за животната средина.

Продолжуваат активностите во февруари 2026 од еко-конкурсот на dm ,,Зелена иднина: од градинка до училиште“: раззеленет дворот на Општинско основно училиште „Андреја Савески-Ќиќиш“ Тетово


Продолжуваат активностите за раззеленување и уредување на училишните дворови во рамките на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, кој компанијата dm drogerie markt го реализира во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД). По успешната реализација на првата фаза од отворање на конкурсот во септември 2025 година, кога беа раззеленети четири училишни двора со повеќе од 500 садници, оваа година проектот продолжува со нови активности. Како дел од проектот, со нови 90 садници во вредност од 122.890 ден, беше разубавен дворот на Општинското основно училиште „Андреја Савески-Ќиќиш“ Тетово. Садењето се одвиваше во прекрасна и инспиративна атмосфера, исполнета со активно учество на децата.

За потсетување, конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ е отворен за сите државни и општински основни и средни училишта и градинки да го пријават својот двор за истиот да добие шанса да биде раззеленет и хортикултурно уреден. Сите проекти пријавени на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ ги разгледува специјално составен стручен тим од претставници на dm drogerie markt и претставник од Македонското еколошко друштво (МЕД)., а крајниот рок за аплицирање е 31.8.2026. Во секој од предвидените месеци за садење се реализираат по два проекти. Пријавувањето на нови проекти за конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ може да се направи преку формуларот за пријава на платформата ,,Заедно едни за други“.  

Продолжуваат активностите во февруари 2026 од еко-конкурсот на dm ,,Зелена иднина: од градинка до училиште“: раззеленет дворот на Општинско основно училиште „Маршал Тито“ - Муртино

Како дел од проектот, со нови 69 садници во вредност од 113.640 ден, беше разубавен дворот на Општинско основно училиште „Маршал Тито“ - Муртино. Учениците со голема радост и внимателност учествуваа во секој дел од процесот, што им овозможи да стекнат практични знаења и да се поврзат со природата на еден непосреден начин. Тие покажуваа вистински интерес, поставувајќи многу прашања за важноста на зачувувањето на зеленилото и животната средина, а поддршката од експертите од Македонското еколошко друштво (МЕД) придонесе ова искуство да биде и едукативно и мотивирачко - активностите беа збогатени со едукативни предавања кои ги реализираа експерти од Македонското еколошко друштво (МЕД), со цел учениците преку непосреден контакт со природата и садењето да стекнат знаења за значењето и важноста од грижата за животната средина.

dm го раззелени раззелени дворот на ООУ „Рилиндија“ во С.Батинци во ноември 2025

Продолжуваат активностите за пошумување и раззеленување како дел од проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште “ кој компанијата dm drogerie markt го реализира во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД) . Овој месец, ООУ „Рилиндија“ во С.Батинци беше раззеленето со нови 102 садници со вредност од 126.750 ден. Садењето беше збогатено и со едукативни предавања, благодарение на експертизата и стручноста на претставниците од Македонското еколошко друштво.

Донацијата dm поставува и пример за еко-одговорност, учејќи ги децата дека треба да се грижиме за природата и да го посадиме зеленилото кое сакаме да го видиме околу нас, исто како што со образованието ја негуваме следната генерација на луѓе на кои ќе го оставиме светот. 

dm го раззелени дворот на ООУ „Кочо Рацин“ во Општина Петровец во ноември 2025 како дел од конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“

Со нови 154 садници со вкупна вредност од 135.000 ден, dm го разубави дворот на ООУ Кочо Рацин во Општина Петровец и со тоа се збогати хортикултурното уредување и се подобри вегетацијата на училишниот двор. Конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ има за цел да го поддржи раззеленувањето и хортикултурното уредување на дворовите на државните и општинските градинки и училишта во земјата, со акцент на подобрување на животната средина и создавање на зелени површини за учениците. 

Сите проекти пријавени на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ ги разгледува специјално составен стручен тим од претставници на dm drogerie markt и претставник од Македонското еколошко друштво (МЕД). На конкурсот можат да се пријават сите државни и општински градинки, основни и средни училишта, а крајниот рок за аплицирање е 31.8.2026. Во секој од предвидените месеци за садење се реализираат по два проекти. Пријавувањето на нови проекти за конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ може да се направи преку формуларот за пријава на платформата ,,Заедно едни за други“. 

Раззеленет дворот на ООУ „Његош“ – Јурумлери во општина Гази Баба во Скопје во октомври 2025

dm drogerie markt ја продолжи реализацијата на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ со пошумување и раззеленување на дворот на ООУ „Његош“ – Јурумлери во општина Гази Баба во Скопје со нови 80 садници со вредност од 119.937ден.

Ова е еден начин на кој dm drogerie markt враќа кон заедницата во која постои и покажува висока еко-свест за животната средина. Но, со донацијата dm поставува и пример за еко-одговорност, учејќи ги дека за природата треба да се грижиме и да го посадиме зеленилото кое сакаме да го видиме околу нас, исто како што со образованието ја негуваме следната генерација на луѓе на кои ќе го оставиме светот.

Раззеленет првиот училишен двор во октомври 2025, избран на dm конкурсот „Зелена иднина: Од градинка до училиште“

dm drogerie markt ја започна реализацијата на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ со пошумување и раззеленување на дворовите на две основни училишта од земјава. ООУ „Стив Наумов“ со 201 садници со вредност од 102.203 ден.

Конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, кој е отворен од септември 2025 година, има за цел да го поддржи раззеленувањето и хортикултурното уредување на дворовите на државните и општинските градинки и училишта во земјата, со акцент на подобрување на животната средина и создавање на зелени површини за учениците.