dm заедништво

Дигитално село Заедница на женска солидарност и грижа во периоди на животна транзиција

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Северна Македонија


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Примарни кориснички: трудници; мајки во првата година по породувањето; мајки со ограничена социјална поддршка; мајки кои искусуваат симптоми на анксиозност, депресивност или зголемен стрес. Секундарни корисници: жени од заедницата кои ќе се вклучат како сојузнички; партнери и семејства; локални организации и професионалци кои ќе добијат подобро поврзување со корисничките.


Кој може да учествува во проектот?
Во проектот можат да учествуваат: трудници; мајки во првата година по породувањето; жени кои сакаат да бидат дел од заедница за меѓусебна поддршка; жени кои сакаат да се вклучат како волонтерки во мрежата „Сојузнички“.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Проектот предвидува активно вклучување на волонтерки преку мрежата „Сојузнички“. Заинтересираните жени ќе можат да се приклучат на мрежата и, по кратка обука, да придонесуваат кон создавање поддржувачка заедница преку пречекување на нови членки, споделување информации, поврзување на жените со достапни ресурси, организирање локални активности и собирање повратни информации за понатамошен развој на платформата.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Општата цел на проектот е да се намали социјалната изолација кај жените во различни животни фази, преку создавање одржлива заедница која комбинира психосоцијална поддршка, волонтерство и дигитални алатки. Специфични цели Да се развие и пилотира дигиталната платформа како простор за меѓусебна поддршка и женска солидарност; Да се реализираат три групи (секоја група по 12 средби) за психосоцијална поддршка за трудници и мајки во постпарталниот период; Да се воспостави волонтерска врсничка женска мрежа за меѓусебна помош и поддршка; Да се тестира одржлив модел на локална и дигитална поддршка кој ќе може да се прошири и во други општини;

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge