Преглед на сите проекти на здруженија и организации
Тука ќе ги најдете сите пријавени проекти од организации и здруженија за проектот „Иднина која инспирира“.
Ubavina koja inspirira
0
Se grizime za celosen make up na site zeni i devojki
Поддржани проекти 2024
0
WaxLoop (Восочен круг)
0
Проектот „WaxLoop“ има за цел да воспостави циркуларен модел за искористување на пчелиниот восок како нус-производ, преку негово трансформирање во еколошки и одржливи производи. Во рамки на проектот, во соработка со приватниот сектор, ќе се развијат природна козметика, еколошки пакувања обложени со восок за безглутенски прехранбени производи и свеќи од природен пчелин восок.
Проектот е насочен кон млади, ученици и локалната заедница, кои преку едукативни активности реализирани во соработка со граѓански организации ќе стекнат практични знаења за циркуларна економија, заштита на животната средина и значењето на опрашувачите. На овој начин, проектот придонесува кон подигнување на свеста и поттикнување одржливи навики и локални решенија за реупотреба на отпадот.
Шанса за скок
0
Проектот „Шанса за скок“ е инклузивна спортска иницијатива предводена од Здружението Кошаркарски клуб „ПЕТ БАСКЕТ“ Петровец, во партнерство со ООУ „Кочо Рацин“ – Петровец. Нашата почетна точка е препознавањето на економската нееднаквост како бариера за правилен физички и социјален развој на децата. Овој проект има за цел да ја намали економската дискриминација кај децата и младите, создадена од материјалната состојба на нивните семејства, преку обезбедување еднакви можности за спортски тренинзи и натпревари.
Културата расте со децата –„За сите деца“
0