Дијалог за одржлива иднина
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Повеќе градови низ територијата на Р.С.Македонија: Скопје, Тетово, Битола, Прилеп, Гевгелија, Валандово, Куманово, Кратово, Струмица, Велес, Штип, Гостивар.
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Директни целни групи:Средношколци (15–18 години) – 150+ активни дебатери; Млади волонтери и предавачи (средношколци, студенти и алумни) – 40+ волонтери; Млади од ранливи категории и рурални средини; Индиректни целни групи:Локални заедници и сите жители во градовите каде што ќе функционираат клубовите; Локални средни училишта (наставен кадар и менаџмент); Донесувачи на одлуки и институции (МОН, МЖСПП, Клуб на млади пратеници и градоначалници)
Кој може да учествува во проектот?
Проектот е целосно отворен и директно ќе ги вклучи следните четири групи: Средношколци (15–18 години); Млади со различни можности и од рурални средини; Млади предавачи и ментори (студенти и алумни на МОФ); Локални експерти и активисти; Сите млади и граѓани кои потенцијало ќе сакаат да се вклучат преку: судење и давање на конструктивен фидбек.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Краток одговор: да - преку предавање во клубовите, судење на турнирот и држење експертски предавања. Волонтерскиот ангажман е столбот на овој проект и главната движечка сила за долгорочните промени кои сакаме да ги иницираме со самите активности. Како организација со долгогодишно портфолио, МОФ располага со богата и активна база на волонтери, а воедно продолжува со воспоставената практика на регрутација преку партнерски младински организации и специфично за овој проект, локалните средни училишта во кои се отвораат клубовите. Од овие училишта ќе бидат селектирани мотивирани млади кои ќе поминат низ процесот на учење, со цел да се овозможи peer-to-peer learning (учење од врсници), метод кој е заштитен знак и суштина на дејствувањето на организацијата. Силно веруваме дека младинскиот активизам најефективно се пренесува кога младите учат директно од своите врсници, бидејќи така се создава простор на доверба, искрена дебата и полесно совладување на комплексни социјални и еколошки теми. Волонтерите ќе бидат активно вклучени во секоја поединечна фаза од проектот. Низ текот на целиот курикулум, тие ќе ја имаат улогата на главни „предавачи“ и ментори во клубовите, овозможувајќи константна поддршка и фидбек за подобрување на процесот на аргументација и критичко размислување кај дебатерите. Дополнително, тие ќе бидат клучни двигатели во мапирањето на локалните еколошки предизвици, креирањето на младинските препораки и пишувањето на финалниот Документ за јавни политики во јуни. Крајната цел на нивната активност е со сопствениот пример да ги мотивираат и останатите ученици во училиштата да имплементираат свои иницијативи и да започнат сопствен волонтерски пат.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Специфични цели Формирање и одржливост на младински дебатни клубови: Отворање 15 дебатни клубови низ целата држава (вклучително и во рурални средини) во директна институционална соработка со средните училишта. Зајакнување на врсничката едукација и менторство: Мобилизирање и обука на 40+ млади волонтери и наставници-ментори кои ќе ги спроведуваат неделните дебатни предавања и работилници. Интеграција на еколошки теми и социјална инклузија: Едукација на над 150 средношколци за дебатната методологија (НОДИ структура), Зелената агенда, одржливиот развој и социјалната еднаквост. Поврзување со стручна експертиза: Организирање локални предавања со надворешни експерти за животна средина и активисти за подлабоко разбирање на еколошките проблеми. Национална платформа за дебата: Организирање на тридневен Национален дебатен турнир во Скопје и финална јавна дебата пред институции и јавност. Младинско застапување и институционален импакт: Креирање и официјално поднесување на Младински документ за јавни политики (Policy Document) со аргументирани препораки од младите до МОН, МЖСПП, Собранието и градоначалниците.
Назад кон блог преглед