Креативен двор - училница под отворено небо
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Полошки регион, општина Јегуновце
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Директна целна група Ученици од сите одделенија Наставниците и стручните соработници Останатите вработени во училиштето Индиректна целна група Родители Локална заедница Посетители и партнери на училиштето Идните генарации ученици
Кој може да учествува во проектот?
Училишен Одбор Совет на Родители Општина Јегуновце Локален спортрски клуб - Фудбалска академија „Јегуновце 2022“ Локални компании и донатори Наставници, ученици и останати вработени во училиштето Локална заедница
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени околу 100 ученици, 20 наставници, 20 родители и 5 претставници од локалната заедница преку доброволни акции за уредување и разубавување на училишниот двор. Волонтерите ќе учествуваат во: чистење и уредување на просторот, садење цвеќиња и зеленило, боење и декорација, изработка на едукативни содржини, организација на работилници и настани.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Општа цел Создавање современ, безбеден и функционален училишен двор кој ќе придонесе за поквалитетно образование, развој на еколошката свест и активно учество на учениците во уредувањето и зачувувањето на училишната средина. Специфични цели Разубавување и уредување на училишниот двор. Поттикнување креативност кај учениците. Развивање еколошка свест. Поттикнување тимска работа и заедништво. Вклучување на локалната заедница и родителите. Создавање летниковец – отворена училница за реализација на часови и работилници.
Назад кон блог преглед