Музика, игра и движење за секое дете
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Општина Свети Николе, Општина Штип и околните населени места од Источниот плански регион.
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Примарна целна група се деца на возраст од 0 до 5 години, поделени во две возрасни групи (0–2 години и 2–5 години), како и нивните родители и старатели. Индиректни корисници на проектот се воспитувачи, едукатори, волонтери и пошироката локална заедница.
Кој може да учествува во проектот?
Во проектот можат да учествуваат сите заинтересирани деца на возраст од 0 до 5 години заедно со своите родители или старатели од Свети Николе, Штип и околните населени места. Програмата е отворена и инклузивна и овозможува учество на сите деца без разлика на нивните индивидуални способности и развојни карактеристики.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да, во проектот ќе бидат вклучени волонтери кои ќе помагаат во организацијата и реализацијата на работилниците, подготовката на материјали и реквизити, уредувањето на просторот, поддршката на учесниците за време на активностите, како и во документирањето и промоцијата на проектот. Волонтерскиот ангажман ќе придонесе за поголема вклученост на локалната заедница и одржливост на проектот.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Главна цел на проектот е да се поттикне раниот детски развој преку музика, игра, движење и активно учество на родителите. Проектот има за цел да ги подобри комуникациските, моторичките, социјалните и креативните вештини кај децата, да ја зајакне врската помеѓу родителите и децата, да поттикне инклузија и еднаков пристап до квалитетни развојни активности и да придонесе за создавање поактивна и поврзана локална заедница.
Назад кон блог преглед