Невидливи херои – приказни што ја поврзуваат заедницата
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Територија на Република Северна Македонија
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Проектот е наменет за повеќе целни групи кои директно или индиректно ќе имаат корист од неговата реализација. 1. „Невидливи херои“ – 20 лица Главната директна целна група се 20 лица чии приказни ќе бидат идентификувани, документирани и јавно претставени преку проектот. Во оваа група може да бидат вклучени: • родители и членови на семејства кои секојдневно се грижат за лица на кои им е потребна дополнителна поддршка; • самохрани родители кои се соочуваат со предизвици, но активно се грижат за своите семејства; • лица кои им помагаат на повозрасни, осамени или ранливи сограѓани; • волонтери и граѓани ангажирани во локални иницијативи; • здравствени работници и други професионалци кои вложуваат дополнителен напор за поддршка на луѓето; • млади и други граѓани кои преку мали, но значајни активности придонесуваат за подобра заедница (средување на јавен простор, чистење на гратскиот парк, и сл). Преку проектот овие лица ќе добијат признание за својот придонес, ќе бидат охрабрени да продолжат со своите активности и нивните позитивни примери ќе станат инспирација за други граѓани. 2. Млади лица на возраст од 18 до 30 години – 15 директни учесници Втора директна целна група се младите кои ќе бидат вклучени во обуката и процесот на создавање на приказните. Преку проектот тие ќе стекнат практични знаења за: • интервјуирање и комуникација со различни категории луѓе; • етичко претставување на лични приказни; • создавање дигитална содржина; • фотографија и видео документација; • промовирање на позитивни општествени пораки. На овој начин младите ќе бидат поттикнати да се вклучат во активности поврзани со заедницата и ќе развијат чувство на одговорност и припадност кон локалната средина. 3. Локалната заедница и пошироката јавност Индиректна целна група се граѓаните кои ќе бидат опфатени преку кампањата, дигиталните содржини и јавната изложба. Преку проектот јавноста ќе добие можност да се запознае со позитивни примери од својата средина, да ја препознае вредноста на грижата и меѓусебната помош и да биде мотивирана за поголемо граѓанско учество. 4. Лица и семејства во потреба од поддршка Индиректна целна група се и лица и семејства кои имаат потреба од помош, бидејќи проектот создава поголема видливост за нивните потреби и воспоставува простор каде граѓаните полесно ќе можат да понудат или побараат поддршка преку создадената онлајн заедница. На овој начин проектот не се фокусира само на препознавање на оние кои помагаат, туку создава поширока култура на солидарност во која граѓаните се поврзуваат, поддржуваат и активно придонесуваат за подобра заедница.
Кој може да учествува во проектот?
Во проектот можат да учествуваат различни категории граѓани и организации кои сакаат да придонесат кон промовирање на солидарноста, меѓусебната помош и позитивните примери во заедницата. Директни учесници во проектот ќе бидат: 1. Млади лица на возраст од 18 до 30 години Млади кои имаат интерес за комуникација, работа со луѓе, создавање дигитална содржина, фотографија, видео и општествено корисни активности. Тие ќе бидат вклучени во практичната обука и во процесот на собирање и креирање на приказните за „невидливите херои“. 2. „Невидливи херои“ – лица со позитивен придонес во заедницата Во проектот ќе можат да учествуваат лица кои преку своите активности придонесуваат за подобар живот на други луѓе, без разлика дали нивниот придонес е формален или неформален. Тоа може да бидат: • родители кои се грижат за членови од семејството на кои им е потребна дополнителна поддршка; • самохрани родители кои се пример за посветеност и истрајност; • лица кои им помагаат на повозрасни, осамени или ранливи сограѓани; • волонтери во организации или локални иницијативи; • млади луѓе кои помагаат во својата средина; • здравствени работници и други професионалци кои покажуваат дополнителна грижа кон луѓето; • граѓани кои организираат или учествуваат во активности за помош и поддршка. Дополнително, во проектот можат да се вклучат и организации, институции и локални иницијативи кои сакаат да номинираат лица, да помогнат во промоција на повикот или да придонесат кон создавање поширока мрежа на поддршка.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да. Волонтерите ќе бидат активно вклучени во различни фази од реализацијата на проектот. Нивната улога ќе биде насочена кон поддршка на проектните активности, особено во: • промоција на јавниот повик за номинација на „невидливи херои“; • комуникација со граѓани и организации кои сакаат да предложат кандидати; • логистичка поддршка при организација на обуката за младите учесници; • помош при подготовка на материјалите за кампањата; • поддршка при фотографирање, снимање и собирање на приказните; • подготовка и поставување на постерите во јавни простории; • промоција на дигиталните содржини и комуникација со онлајн заедницата. Волонтерското учество е важен дел од проектот бидејќи дополнително ја промовира идејата дека секој граѓанин може да придонесе за подобра заедница. Преку нивното вклучување, проектот не само што ги претставува луѓето кои помагаат, туку и создава нови можности за активно учество и поврзување меѓу граѓаните.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Главната цел на проектот „Невидливи херои – приказни што ја поврзуваат заедницата“ е да се зголеми видливоста на луѓето кои преку своите секојдневни активности придонесуваат за подобра, посолидарна и поповрзана заедница, како и да се поттикне поголемо учество на граѓаните во активности на меѓусебна помош и поддршка. Специфични цели на проектот се: 1. Да се препознаат и промовираат позитивните примери од заедницата Преку идентификување и документирање на 20 „невидливи херои“ проектот ќе овозможи нивниот придонес да стане видлив за пошироката јавност. На овој начин ќе се даде признание на луѓето кои често работат без очекување за награда или јавно признание. 2. Да се поттикне култура на солидарност, меѓусебна помош и грижа за другите Преку реални животни приказни проектот ќе покаже дека секој поединец може да придонесе за подобрување на заедницата, без разлика дали станува збор за големи или мали активности. 3. Да се мотивираат младите за активно учество во заедницата Преку обуката и практичната работа со приказните, 15 млади лица ќе стекнат знаења и искуства поврзани со комуникација, волонтерство, создавање содржини и промовирање на позитивни општествени пораки. 4. Да се создадат позитивни модели и инспирација за други граѓани Преку кампањата „Запознај ги невидливите херои“ ќе се промовираат примери кои можат да ги охрабрат другите граѓани да се вклучат во активности за помош, волонтирање и поддршка на луѓето околу нив. 5. Да се создаде простор за поврзување на граѓани кои сакаат да помогнат и оние на кои им е потребна поддршка Преку воспоставување на онлајн заедницата ќе се создаде долгорочен механизам за споделување информации за локални иницијативи, можности за волонтирање и потреби во заедницата. 6. Да се зајакне чувството на припадност и доверба во локалната заедница Проектот ќе придонесе кон создавање позитивна слика за заедницата преку истакнување на луѓето кои покажуваат грижа, одговорност и солидарност кон другите.
Назад кон блог преглед