Нуркачка еко патрола
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Југозападен регион – Охридски регион, со активности на вливовите на реките во Охридското Езеро.
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Проектот е наменет за локалното население, посетителите на Охридскиот регион, младите, љубителите на природата и сите кои имаат интерес за зачувување на животната средина. Индиректно ќе придонесе за заштита на биодиверзитетот, подобрување на квалитетот на водата и развој на одржлив туризам.
Кој може да учествува во проектот?
Во проектот можат да се вклучат професионални нуркачи, обучени волонтери, млади заинтересирани за екологија, еколошки организации, ученици и граѓани кои сакаат да придонесат во промоција и подигнување на еколошката свест.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да. Волонтерите можат да помогнат во логистичката организација, едукативните и промотивните активности, подготовка и дистрибуција на информативни материјали, поддршка при медиумски кампањи и активности за подигнување на јавната свест за заштита на Охридското Езеро.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Детекција и документирање на загадувањето на вливовите на реките во Охридското Езеро, Изработка на карта на загадени подрачја, Подигнување на јавната свест за заштита на езерото, Подготовка на извештаи и препораки за идни активности, Создавање основа за долгорочен мониторинг и идни акции за чистење
Назад кон блог преглед