Од грижа за природата до грижа за заедницата
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Скопски регион
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Проектот е наменет за повеќе целни групи, со различно, но меѓусебно поврзано влијание. Примарна целна група се 40 ученици од основно образование на возраст од 9 до 11 години, од едно основно училиште во Скопје, кои ќе бидат директно вклучени во сите проектни активности преку едукативни и креативни работилници. Тие ќе стекнат знаења за заштита на животната средина, реупотреба на материјали, креативно изразување, како и развој на емпатија, солидарност и чувство на одговорност кон заедницата. Индиректно, проектот ќе им помогне и на: • деца и млади без родителска грижа, кои ќе добијат поддршка преку завршната хуманитарна аукција и донација; • наставниците и училиштето, преку воведување на иновативни едукативни практики и јакнење на вредносното образование; • родителите и семејствата, преку нивно вклучување во завршните активности и подигнување на свеста за одржливост и солидарност; • локалната заедница, преку промоција на волонтерство, еколошки вредности и општествена одговорност. На овој начин, проектот придонесува истовремено за личен развој на учениците и за конкретна поддршка на ранливи групи во заедницата.
Кој може да учествува во проектот?
Директни учесници се 40 ученици од основно образование на возраст од 9 до 11 години, од едно основно училиште во Скопје, организирани во две групи од по 20 ученици, кои ќе бидат вклучени во сите едукативни и креативни активности на проектот. Покрај учениците, во проектот можат да учествуваат и: наставници и стручни соработници од училиштето, кои ќе дадат поддршка во организацијата и спроведувањето на активностите; родители/старатели, кои ќе бидат вклучени особено во завршната активност и ќе придонесат за зајакнување на семејната и заедничката поддршка; членови и едукатори на ИПМР, кои волонтерски ќе ги водат работилниците и ќе ја координираат реализацијата; волонтери и членови на локалната заедница, кои ќе можат да се приклучат во завршниот настан и промотивните активности на проектот. На овој начин проектот овозможува активно учество на учениците, но и поширока вклученост на заедницата преку волонтерство и заедничка поддршка на целите на проектот.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да, во проектот е предвидено ангажирање на 4 волонтери како значаен дел од неговата реализација. Во спроведувањето на активностите ќе бидат ангажирани членови и едукатори од Институтот за проектен менаџмент и развој ИПМР – Скопје, кои доброволно ќе придонесат со своето знаење, искуство и време во подготовката и реализацијата на едукативните и креативните работилници. Волонтерите ќе бидат одговорни за: подготовка и спроведување на едукативните содржини; водење на „зелените арт“ работилници; менторска поддршка на учениците при создавање на изработките; координација на завршниот настан и „Зелената хумана аукција“. Дополнително, во проектот волонтерски ќе се вклучат и родители/старатели, наставници и заинтересирани членови на локалната заедница, како поддршка во реализацијата на активностите и зајакнување на заедничката општествена одговорност.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Со проектот се стремиме кон развивање на еколошка свест, креативност и општествена одговорност кај учениците преку практични и интерактивни активности. Конкретно, целите се: подигнување на свеста кај учениците за значењето на заштитата на животната средина, реупотребата и намалувањето на отпадот; развој на креативност, иновативност и практични вештини преку изработка на уметнички и функционални предмети од реупотребливи материјали; поттикнување на емпатија, солидарност и чувство на одговорност кон другите, особено кон деца и млади без родителска грижа; зајакнување на соработката меѓу ученици, наставници, родители и локалната заедница; создавање пример за поврзување на еколошко образование со општествено одговорно делување.
Назад кон блог преглед