dm заедништво

Од локално семе до отпорна шума

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Проектот ќе се спроведува на селектирани подрачја на национално ниво.


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Проектот е наменет за широк круг корисници и ќе придонесе за зајакнување на капацитетите за обнова и зачувување на шумските екосистеми во Република Северна Македонија. Директни корисници се членовите и волонтерите на Македонското еколошко друштво (МЕД), еколози, шумарски стручњаци, студенти, ученици и граѓани кои ќе учествуваат во теренските активности, собирањето семенски материјал и производството на автохтони садници. Индиректни корисници се локалните заедници, институциите што управуваат со шумите и пошироката јавност, кои ќе имаат корист од обновени и поотпорни шумски екосистеми, зачуваната генетска разновидност на автохтоните дрвенести видови, подобрениот биодиверзитет и екосистемските услуги што шумите ги обезбедуваат, како што се заштита на почвата, подобар квалитет на воздухот, складирање на јаглерод и ублажување на последиците од климатските промени. Проектот истовремено ќе ја поттикне јавната свест и ќе го промовира активно вклучување на граѓаните во зачувувањето и обновата на природата.


Кој може да учествува во проектот?
Членови и волонтери на МЕД, претставници од научна фела, вљубеници во природата, студенти, ученици и локално население, претставници на општествено одговорни чинители, бизнис сектор, локалните заедници, институциите што управуваат со шумите и пошироката јавност, управувачи на заштитени подрачја.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Волонтерите ќе имаат клучна улога во реализацијата на проектот со вклучување во сите проектни активности. Тие ќе бидат активно вклучени во организираните теренски акции за идентификација на матични стебла, собирање семенски материјал од автохтони дрвенести видови, негово чистење, селекција и подготовка за производство на садници. Дополнително, волонтерите ќе помагаат и учествуваат во активности за производство и нега на садниците во расадник, подготовка на локалитетите за пошумување, како и во планираните акции за засадување на произведените садници/расејување на „семенските бомби“. Во рамки на проектот ќе се организираат и едукативни работилници и теренски обуки преку кои волонтерите ќе стекнат практични знаења за собирање и обработка на семенски материјал, значењето на автохтоните шумски видови, обновата на шумските екосистеми и адаптацијата кон климатските промени и начините за засадување на младите садници. На овој начин, проектот не само што ќе придонесе за обнова на шумите, туку и ќе поттикне активно граѓанско учество, еколошка свест и долгорочно волонтерско ангажирање во заштитата на природата.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Главна цел: Да се воспостави пилот-модел за организирано собирање семенски материјал од автохтони дрвенести видови и производство на садници со познато локално потекло, како основа за идни активности за обнова на деградирани шумски површини во Северна Македонија. Очекувани постигнувања: Проектот ќе воспостави практичен модел што ги поврзува стручните лица, волонтерите и локалните заедници во процесот на собирање семе и производство на автохтони садници, создавајќи основа за идни активности за обнова на шумите.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge