dm заедништво

Од семе до позитивни навики

Проектот „Од семе до позитивни навики: еко-учење низ игра и семејна соработка“ претставува интегриран пристап кон еколошката воспитно-образовна работа со деца од предучилишна возраст, базиран на практично учење, активно вклучување на семејствата и имплементација во секојдневните активности во градинката.
Проектот ќе се реализира низ четири меѓусебно поврзани фази:

1.    Подготовка и поставување на компостери
2.    Уредување на мини еко-градини
3.    Едукативни активности преку искуствено учење
4.    Следење на процесот и примена на компостот

Со реализацијата на проектот се очекува значително унапредување на еколошката свест кај децата од предучилишна возраст, како и кај нивните семејства. Децата ќе развијат практични навики за селекција на отпад, грижа за растенија и разбирање на природните процеси, што ќе придонесе за формирање на одговорни и еколошки свесни идни генерации. Истовремено, проектот ќе ја зајакне соработката меѓу градинката и семејствата и ќе создаде одржлив модел на заедничко учење кој може да се прошири и во други објекти и локалната заедница, но и да биде позитивен пример за сите останати предучилишни установи на територијата на нашата држава.
Назад кон блог преглед

Alle Beiträge