Поддршка блиску до тебе- Заедно до правата
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Скопски регион
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Семејства и лица во социјален ризик; Стари и изолирани лица; Корисници или потенцијални корисници на права од социјална заштита; Лица без лични документи; Самохрани родители; Родители на деца изложени на ризик од образовна исклученост; Припадници на ранливи и маргинализирани заедници; Лица со ограничен пристап до институции и информации
Кој може да учествува во проектот?
Може да учестуваат волонтери како и претставници од заедницата. МЗМП има база на млади правници од каде што може да се активираат потенцијални волонтери.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да. Македонското здружение на млади правници има членство и база на млади правници од каде што може да се активираат потенцијални волонтери.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Да се обезбеди правна и практична поддршка за ранливи граѓани при пристапот до права од социјална заштита и други основни услуги; Да се подобри информираноста и комуникацијата помеѓу граѓаните и институциите преку теренска работа и посредување; Да се поттикне локална солидарност и волонтерски ангажман преку вклучување на млади правници и претставници на заедницата; Да се воспостави локална мрежа за упатување и поддршка помеѓу граѓанските организации, институциите и ранливите граѓани.
Назад кон блог преглед