dm заедништво

Проект „Надеж“

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Територија на Град Скопје, и можност за online


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Целна група на проектот се жени коишто имаат искуство на спонтан абортус без оглед на тоа колку неодамнешна или далечна е загубата и без разлика на возраста и животната фаза во којашто се наоѓаат во моментот.


Кој може да учествува во проектот?
Заради сензитивноста на темата која ја обработува проектот и професионалната стручност и доверливост која ја бара самиот проект, во него може да учествува едно стручно лице кое има искуство во областа на советување и работа со жени со искуство на репродуктивна загуба. Додека како учеснички во групата за поддршка може да се вклучат жени со искуство на спонтан абортус.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да, може да бидат ангажирани волонтери во областа на промовирање на групите за поддршка во јавноста и медиумите, како и овозможување техничка поддршка за подготвка на просторот и материјалите потребни за реализација на средбите.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Да се обезбеди психолошка и емоционална поддршка на жените кои тагуваат по репродуктивната загуба (спонтан абортус). Да се создаде доверлива, безбедна, сигурна средина за уважување на загубата, изразување на болката и потиснатите чувства поврзани со истата, како и простор за тагување и заедничко емоционално исцелување. Да се подготват и насочат учесничките со практични психолошки техники за справување со емоциите, чувствата (тага, вина, срам, несигурност, страв, болка, лутина) и предизвиците со кои се справуваат низ секојдневниот живот. Да се поттикне заедницата да ја уважи ваквата загуба и да се намали изолацијата кај жените кои страдаат во тишина.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge