dm заедништво

Раце што создаваат, срца што помагаат - млади за социјална инклузија и солидарност

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Град Скопје


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Нашата целна група се состои од две групи: 10-15 млади волонтери на возраст од 14-30 години и најмалку 250 социјално загрозени лица, семејства и бездомници на кои ќе им биде пружено помош.


Кој може да учествува во проектот?
Освен млади волонтери кои директно ќе учествуваат во реализација на активностите на проектот, би можело преку соработка да се вклучат и други партнерски организации кои имаат слични цели како нашето здружение како и пошироката локална заедница преку поддршка во купување на подготвените производи од работилниците за плетење.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Клучна компонента на проектот е волонтерскиот ангажман на 10 до 15 млади лица на возраст од 14 до 30 години кои еднаш неделно ќе учествуваат во подготовка и дистрибуција на храна за бездомни и социјално загрозени лица, како и во креативни работилници за хеклање во Центарот за социјална инклузија Дренак кој е дел од здружението Љубезност.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Општа цел: Унапредување на социјалната инклузија и солидарноста преку поддршка на социјално загрозени граѓани и активно вклучување на младите во волонтерски активности. Специфични цели: 1. Да се обезбеди континуирана поддршка за социјално загрозени лица преку дистрибуција на оброци, хигиенски средства, облека и рачно изработени производи; 2. Да се поттикне волонтерството и активното граѓанско учество кај младите преку нивно вклучување во хуманитарни активности, развој на практични вештини и јакнење на свеста за социјалната одговорност и солидарноста.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge