Силата е во младите
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Скопски регион. (можна е промена на локација за големата чистка)
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Проектот е насочен кон повеќе целни групи. Директни корисници се децата и младите кои ќе учествуваат во едукативната работилница, преку која ќе стекнат знаења и ќе развијат свест за значењето на заштитата на животната средина. Дополнително, волонтерите и учесниците во еколошката акција ќе придонесат за чистење и уредување на излетничкото место, стекнувајќи чувство на лична одговорност и активно граѓанско учество. Проектот исто така ќе помогне и на локалната заедница, посетителите на излетничкото место и пошироката јавност, кои ќе имаат корист од почиста и поуредена животна средина. Пораките поставени преку знаците изработени од децата, како и видео материјалите што ќе се споделуваат преку социјалните мрежи, ќе придонесат за подигнување на јавната свест и поттикнување на одговорно однесување кон природата. На долг рок, придобивките од проектот се однесуваат на целото општество и природниот екосистем, бидејќи секоја активност што придонесува за зачувување на животната средина има позитивно влијание врз квалитетот на животот на луѓето, животинскиот свет и природните ресурси.
Кој може да учествува во проектот?
Секој човек кој искрено се грижи за природата и нејзиното зачувување. Секој кој преку нашите проекти и активности ја вратил желбата за дејствување за почиста природа. Ученици, средношколци, студенти, родители, граѓани и селани кои живеат на територија на Македонија а поканети се и странци кои дошле да ја видат убавината на нашата земја.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Волонтери ќе ни се придружат во еко-акцијата за чистење на излетничко место. Волонтери ќе бидат и деца и родители за време на мини чистките и работилниците за изработка на знаци.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Подигнување на јавната свест за зачувување на животна средина Мотивирање на учесниците да преземат одговорност Градење на силно чуство на заедница/припадност Отстранување голема количина отпад од одредено место Следење на примерот од најмладите Градење здрави навики Спречување апатичност
Назад кон блог преглед