„ЕКО МИСИЈА – 42 МАЛИ ХЕРОИ ЗА ГОЛЕМА ПЛАНЕТА“
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Прилеп и околината
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Примарна целна група се 42 ученици од основно образование, кои доброволно ќе се вклучат во Еко клубот и ќе учествуваат во сите активности на проектот. Преку практично учење, едукативни работилници и волонтерски акции, тие ќе стекнат знаења, вештини и навики за одговорно однесување кон животната средина, ќе развијат чувство за лична одговорност и ќе станат промотори на еколошките вредности меѓу своите врсници. Секундарна целна група се останатите ученици, деца и млади кои ќе бидат вклучени во поединечни активности, ќе ги користат создадените зелени содржини и ќе бидат мотивирани да применуваат еколошки практики во секојдневниот живот. Проектот ќе ги вклучи и родителите, членовите на семејствата, локалните волонтери, стручни лица (пчелар, агроном/хортикултурен инженер), претставници на локални компании и пошироката заедница, кои преку заедничките акции ќе придонесат за уредување и зачувување на животната средина. Индиректни корисници ќе бидат целата локална заедница и идните генерации, кои ќе имаат корист од создадените зелени површини, засадените дрвја и растенија, системот за собирање дождовница, хотелот за инсекти и „Ѕидот на Еко хероите“ како трајни резултати од проектот. Проектот промовира меѓугенерациска соработка, активно граѓанство и волонтерство, создавајќи партнерство помеѓу граѓанскиот сектор, училиштето, семејствата и локалната заедница во заедничка грижа за природата.
Кој може да учествува во проектот?
Во проектот ќе учествуваат 42 млади херои, но и голем број волонтери меѓу кои : родители, други членои на семејството , едукатори, наставници и граѓани кои доброволно ќе се приклучат во активностите.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да, волонтери ќе бидат ангажирани во проектот во: Големата волонтерска еко - акција , каде се очекуваат стотина вклучени волонтери . Исто така волонтерски ангажман како едукатори на работилници ќе имаат пчеларот и агрономот , како и четириесет и два членови на семејствата на учениците при изработка на новогодишните украси.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Општата цел на проектот „ЕКО МИСИЈА – 42 МАЛИ ХЕРОИ ЗА ГОЛЕМА ПЛАНЕТА“ е да се поттикне развивање на еколошка свест, одговорно однесување и активен придонес кај децата и младите преку едукативни и волонтерски активности за заштита на животната средина. Проектот има за цел да создаде генерација на млади „Еко херои“ кои не само што ќе знаат зошто е важно да ја чуваме природата, туку ќе имаат можност практично да дејствуваат и да бидат пример за своите врсници, семејства и локалната заедница.
Назад кон блог преглед