„Инспирирај ја иднината – Караван за здравје и самодоверба“
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Проектот ќе се реализира во Источниот плански регион, во општините Штип, Кочани и Радовиш, со активности насочени кон девојки и млади жени од локалните заедници.
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Проектот ќе им помогне на најмалку 180 девојки и млади жени Ромки на возраст од 13 до 30 години од Штип, Кочани и Радовиш. Преку едукативни активности, практични работилници и стручна поддршка, тие ќе стекнат знаења за лична и менструална хигиена, репродуктивно и ментално здравје, како и вештини за грижа за себе и зајакнување на самодовербата. Индиректно, проектот ќе придонесе за поголема информираност и поддршка во нивните семејства и локални заедници.
Кој може да учествува во проектот?
о проектот можат да учествуваат девојки и млади жени Ромки на возраст од 13 до 30 години од Штип, Кочани и Радовиш, кои имаат интерес да стекнат нови знаења и практични вештини за лична и менструална хигиена, репродуктивно и ментално здравје, како и за унапредување на својата самодоверба и здрави животни навики. Учеството е бесплатно и ќе се реализира преку едукативни работилници, практични активности и стручна поддршка.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да. Во проектот ќе бидат вклучени волонтери кои ќе помогнат во организацијата на настаните, регистрацијата и насочувањето на учесничките, подготовката и дистрибуцијата на едукативните материјали и хигиенските пакети, логистичката поддршка, како и во промоцијата на проектните активности преку локалната заедница и социјалните медиуми. Со своето учество, волонтерите ќе придонесат за успешна реализација на проектот и за поголема вклученост на заедницата.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Проектот има за цел да го унапреди здравјето, информираноста и самодовербата на девојките и младите жени Ромки преку едукација за лична и менструална хигиена, репродуктивно и ментално здравје и здрави животни навики. Дополнително, проектот ќе придонесе за намалување на предрасудите и табуата поврзани со овие теми, ќе поттикне поголема грижа за сопственото здравје и ќе ја зајакне нивната активна вклученост во локалната заедница.
Назад кон блог преглед