dm заедништво

„Простор за раст“ – функционален центар создаден од граѓаните

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Пелагониски и Скопски Регион, на територијата на општините Прилеп и Кривогаштани, како и во неколку општини на територијата на Град Скопје.


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Млади, деца, семејства, повозрасни лица, лица со помалку можности, жители од рурални средини, локални волонтери и сите заинтересирани граѓани од опфатените општини.


Кој може да учествува во проектот?
Сите заинтересирани граѓани, локални волонтери, неформални групи, здруженија, образовни институции и претставници на локалните заедници.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да, волонтерите ќе учествуваат во мапирање и избор на просторите, чистење, бојадисување, уредување и изработка на елементи од реупотребени материјали, организирање бесплатни работилници и локални акции, промоција и вклучување на граѓаните, како и во понатамошното одржување и користење на функционалните центри.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
1. Мапирање на недоволно искористени простори во Прилеп, Кривогаштани и избрани општини на територијата на Град Скопје. 2. Уредување и опремување на избраните простори преку директен волонтерски ангажман на граѓаните. 3. Создавање достапни и функционални центри за бесплатни едукативни, креативни, еколошки и активности за ментална благосостојба. 4. Поттикнување на волонтерството, солидарноста, активното граѓанство и соработката меѓу жителите. 5. Обезбедување повеќе можности за учење, дружење и општествено вклучување на лица од различни возрасни и социјални групи. 6. Формирање локална мрежа „ЕДЕН Волонтери“, која ќе се грижи за користењето, одржувањето и развојот на просторите. 7. Воспоставување одржлив модел што ќе овозможи обезбедување нови донации, организирање редовни активности и создавање вакви простори и во други населени места.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge