„Хумана заедница – чиста околина Одржливо управување со популацијата на бездомни мачки и кучиња во Град Скопје “
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Град Скопје
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Целни групи: • Жители на Град Скопје • Ученици од основни училишта • Волонтери за заловување и вдомување на мачки и кучиња • Локални институции и основни училишта
Кој може да учествува во проектот?
• Жители на Град Скопје • Ученици од основни училишта • Волонтери за заловување и вдомување на мачки и кучиња • Локални институции и основни училишта • Локални ветеринарни амбуланти – стерилизација/кастрација и постоператива • Основни училишта во Град Скопје – учество во работилниците и кампањите • Волонтерски групи/здруженија за заштита на животни – заловување, хранење, фостер (привремен престој) и одржување на еко-зоните.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да, волонтери се предвидени во проектот. Волонтери за заловување и вдомување на мачки и кучиња; Волонтерски групи/здруженија за заштита на животни – заловување, хранење, фостер (привремен престој) и одржување на еко-зоните.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Главна цел: Подобрување на животната средина, јавното здравје и благосостојбата на животните преку одржливо и хумано управување со популацијата на бездомни мачки и кучиња. Краткорочни цели: • Намалување на неконтролираното размножување на мачки и кучиња. • Подобрување на нивната здравствена состојба. • Создавање уредени и чисти зони за хранење. • Подигнување на свеста кај граѓаните за уличните животни. • Вклучување на деца и млади во еко и хумани активности. • Поттикнување на вдомување на мачки и кучиња.
Назад кон блог преглед