dm заедништво

Рециклирај! Креирај! Инспирирај!

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Шуто Оризари/Скопје


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Проектот ќе им помогне на учениците од училиштето, кои преку активностите на Еко клубот ќе имаат можност да стекнат нови знаења и практични вештини за рециклирање, повторна употреба на материјали и заштита на животната средина. Членовите на клубот ќе бидат носители на активностите, а останатите ученици ќе бидат вклучени преку нивните иницијативи, едукативни пораки и примери на одговорно однесување, со што ќе се поттикне создавање еколошка култура во училиштето. Проектот ќе им помогне и на корисниците на Ц.С.И. Надеж-Скопје, кои заедно со учениците ќе учествуваат во создавањето на честитки и други производи од рециклирани материјали, овозможувајќи им креативно изразување, активна вклученост и придонес во заедничка иницијатива. Преку изработените еколошки обележувачи за книги и други производи, проектот ќе стигне и до читателите на библиотеката и потрошувачите на DM, кои ќе бидат изложени на пораки за значењето на рециклирањето и одговорното однесување кон животната средина. На овој начин, проектот ќе придонесе за подигнување на свеста и ширење на еколошката порака во пошироката заедница.


Кој може да учествува во проектот?
Во проектот може да учеатвуваат сите ученици, иако првичната цел е да се обучат за рециклирање сите нови ученици од прва година. Исто така ќе учествуваат и корисниците на Ц.С.И. Надеж-Скопје.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да, членовите на клубот ќе волонтираат во Ц.С.И. Надеж-Скопје“ во месец декември. Тие за корисниците ќе организираат работилници за цртање, украсување, декодирање на новогодишни честитки од рециклирана хартија. Исто така, нивниот волонтерски ангажман ќе продолжи така што самостојно ќе организираат новогодишен базар.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Главна цел на проектот е да се поттикне развој на еколошка свест кај учениците и пошироката заедница, преку промовирање на рециклирањето, повторната употреба на материјалите и создавање позитивни промени во средината во која живееме. Проектот има за цел да ја поттикне креативноста и развојот на практични вештини кај учениците, но пред сè да го разбуди нивниот волонтерски дух и чувството на одговорност кон заедницата. Преку активно учество во проектот, учениците ќе развиваат емпатија, солидарност и свест дека со своите идеи, труд и ангажман можат да помогнат на другите и да придонесат за позитивни промени. Дополнителна цел е преку создадените производи и нивната примена да се испрати порака на благодарност и поддршка до различни групи во заедницата – читателите на библиотеката да бидат препознаени и охрабрени во нивната љубов кон книгата и читањето, а потрошувачите на dm да добијат позитивна порака за значењето на одговорното однесување кон животната средина и придонесот кон одржливи практики. На овој начин, проектот има за цел да создаде поврзана заедница во која младите не се само корисници, туку активни носители на промени.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge