dm заедништво

DM HUB – Центар за благосостојба и грижа Грижа за себе. Грижа за другите. Грижа за заедницата.

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Југоисточен плански регион


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Проектот е наменет за граѓани од сите 10 општини во Југоисточниот регион, со посебен фокус на: • млади лица (15–29 години); • жени и девојки; • мајки и родители; • лица од рурални средини; • лица од социјално ранливи категории; • невработени лица; • ученици и студенти; • локални здруженија и институции; • сите граѓани кои сакаат да придонесат за поздрава, посолидарна и поодржлива заедница. Проектот директно ќе опфати најмалку 2.000 граѓани, додека индиректните корисници ќе бидат значително поголем број преку промотивните активности и локалните иницијативи.


Кој може да учествува во проектот?
Во проектот може да учествува секој заинтересиран граѓанин без оглед на возраста, полот, етничката припадност или социјалниот статус. Посебно се охрабрува учество на: • млади; • жени; • родители; • ученици и студенти; • претставници на локални институции; • граѓански организации; • здравствени и образовни работници; • пензионери; • лица кои сакаат да волонтираат и активно да придонесат во својата заедница. Сите активности ќе бидат бесплатни и отворени за јавноста.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да. Волонтерството е една од клучните компоненти на проектот. Во рамките на проектот ќе бидат ангажирани најмалку 50 волонтери по 5 од секоја општина во Југоисточниот регион. Тие ќе поминат обука за организација на настани, комуникација, работа со различни целни групи, лидерство и волонтерски менаџмент. Волонтерите ќе бидат активно вклучени во: • организација и логистичка поддршка на мобилните CARE HUB настани; • реализација на едукативни и креативни работилници; • координација на CARE Exchange зоните; • организација на еколошки и хуманитарни акции; • промоција на проектот и информирање на локалното население; • поддршка на проектниот тим при комуникација со учесниците; • иницирање и реализација на локални волонтерски акции во своите општини. По завршувањето на проектот, волонтерите ќе продолжат да функционираат како локални волонтерски тимови, придонесувајќи за одржливоста на иницијативата и за понатамошен развој на активностите во нивните заедници.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Со реализацијата на проектот „DM CARE HUB – Центар за благосостојба и грижа“ се очекува да се постигнат следните цели: • Да се подобри информираноста и знаењето на најмалку 2.000 граѓани за менталното здравје, менструалното и репродуктивното здравје, личната хигиена и здравите животни навики. • Да се организираат мобилни DM CARE HUB настани во 10 општини од Југоисточниот регион, со што услугите и едукативните активности ќе станат подостапни за локалното население. • Да се обучат и активно да се вклучат најмалку 50 волонтери, кои ќе придонесуваат во организацијата и реализацијата на локални иницијативи и ќе продолжат да дејствуваат и по завршувањето на проектот. • Да се реализираат најмалку 10 волонтерски акции за подобрување на локалната средина, поттикнувајќи активно граѓанско учество и солидарност. • Да се промовираат принципите на циркуларна економија и одговорно користење на ресурсите преку организирање на CARE Exchange активности за размена на облека, книги, играчки и други употребливи предмети. • Да се зајакне соработката помеѓу граѓанските организации, локалните самоуправи, училиштата, здравствените установи и локалната заедница преку воспоставување одржлива мрежа на партнери. • Да се подигне јавната свест за значењето на грижата за себе, грижата за другите и грижата за заедницата преку информативна и медиумска кампања која ќе допре до пошироката јавност. • Да се воспостави одржлив модел на мобилен центар за благосостојба и грижа кој ќе може да продолжи со работа и по завршувањето на проектот и да се применува и во други општини во државата.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge