Smart City Zen
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Битола, но потоа и Прилеп, Скопје, цела Македонија, Западен Балкан, Европа (секаде каде што има ДМ Маркети)
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Пешаците на тркала - инвалидски колички, велосипеди, родители со количка за бебе, тротинети. Индиректно - сите млади што ќе мапираат за да станат полусвесни за предизвиците на маргинализираните групи и пешаците на тркала
Кој може да учествува во проектот?
Сите граѓани, институции, компании, организации
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да, волонтерите би биле мапирачи на траси за пешаците на тркала
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Унапредување на урбаната мобилност и пристапност за пешаци на тркала низ нашите градови преку гејмификација. Преку вклучување на сите граѓани во улогата на мапирачи, ќе се постигне физичка активност, едукација и свесност за граѓаните на тркала, промоција на бизнисите низ трасите и бизнисот што е дестинација на конкретен предизвик (ДМ Маркети низ цела држава), општествено одговорно работење и однесување. Преку податоците што се собираат, општините би имале значаен инпут (crowdsourcing) за управување базирано на податоци.
Назад кон блог преглед