Service Learning - Од училницата до заедницата!
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Повеќе градови низ Македонија, врз основа на тоа кои школи ќе бидат избрани
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Директни таргет групи: 1) Средношколци (25 ученици на возраст од 15–18 години) од 5 избрани средни училишта на територијата на цела држава 2) Наставници - ментори кои ќе ги поддржуваат ученичките тимови; Индиректни таргет групи: 1) Локалните заедници во кои ќе се спроведуваат иницијативите 2) Граѓани и волонтери вклучени во активностите 3) Лица и семејства во социјална потреба 4) Локални институции, организации и бизниси вклучени како партнери или поддржувачи 5) Други ученици и училишта кои ќе бидат инспирирани да го применат моделот
Кој може да учествува во проектот?
Ученици од средни училишта, наставници, млади професионални и сите млади и возрасни кои ќе бидат засегнати и вклучени во проектите, млади и возрасни со помалку можности и кои живеат во рурални средини, лица и семејства во социјална потреба
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да, спроведувањето на сите проекти ќе биде спроведувано волонтерски - ќе се вклучат најмалку 25 волонтери
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Општа цел: Да се зајакне активното учество на средношколците во заедницата и општеството, преку Service Learning пристап кој го поврзува образованието со практична акција, волонтерство и преземање одговорност за решавање на реални општествени предизвици. Специфична цел 1: Поттикнување на 25 средношколци да идентификуваат и решаваат реални локални проблеми, преку користење на вештини и знаења стекнати во формалното образование, во период од 5 месеци. Специфична цел 2: Да се поврзе теоретското знаење стекнато во формалното образование со практична примена и да се зголеми капацитетите на 5 средни училишта од различни региони во државата, вклучувајќи го и училишниот персонал, за имплементирање на ваков вид на активности по завршувањето на проектот. Специфична цел 3: Да се придонесе кон заедницата преку имплементирање на 5 општествено-корисни проекти, директно иницирани и водени од средношколци, насочени кон унапредување на меѓучовечки односи, поддршка на ранливи категории на луѓе и загрозени групи на ѓраѓани, грижа за бездомни животни,заштита на животна средина и слично. Специфична цел 4: Зајакнување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор, средните училишта вклучени во проектот и бизнис заедницата како потенцијални поддржувачи на акциите на средношколците.
Назад кон блог преглед