dm заедништво

ИНКЛУЗИВНИ УЧИЛИШНИ ГРАДИНИ- ПЛАНЕТАТА НИ ПРИПАЃА НА СИТЕ, ЗАEДНО СЕ ГРИЖИМЕ

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
ООУ „Крсте Мисирков“ во Општина Гази Баба, Скопје


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Директна целна група Директни корисници на проектот се учениците и наставниот кадар на ООУ „Крсте Мисирков“ во Општина Гази Баба, со посебен фокус на учениците со попреченост. Преку поставувањето на инклузивна жардињера тие ќе добијат еднакви можности за активно учество во практичната настава, одгледувањето растенија и едукативните активности за биодиверзитетот и заштитата на животната средина. Индиректна целна група Индиректни корисници се родителите, локалната заедница, локалните производители, институциите и пошироката јавност. Преку јавниот промотивен настан и медиумската промоција, проектот ќе придонесе за подигнување на свеста за важноста на инклузивното образование, зелените училишни простори и одржливите практики, создавајќи модел што може да се примени и во други училишта.


Кој може да учествува во проектот?
Во проектот можат активно да учествуваат учениците и наставниците од ООУ „Крсте Мисирков“, со посебен акцент на учениците со попреченост, кои ќе бидат рамноправно вклучени во сите активности поврзани со уредување и одржување на инклузивната училишна градина. Во активностите ќе бидат вклучени и родителите, локалните производители, претставници на Слоу Фуд Водно, волонтери, како и претставници на локалната самоуправа, институции, медиуми и други заинтересирани граѓани. Нивното учество ќе придонесе за подигнување на јавната свест за значењето на инклузијата, еколошката едукација и заштитата на животната средина.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да. Во проектот ќе бидат ангажирани волонтери од Слоу Фуд Водно, кои ќе дадат поддршка при поставувањето на инклузивната жардињера, уредувањето на училишната градина и организацијата на јавниот промотивно-едукативен настан. Тие ќе учествуваат и во практичните работилници со учениците, споделувајќи знаења и искуства за одржливо градинарство, локално производство на храна и заштита на животната средина. Со нивниот ангажман ќе се зајакне соработката помеѓу граѓанскиот сектор, училиштето и локалната заедница, а истовремено ќе се поттикне волонтерството како важен придонес кон развојот на зелени и инклузивни иницијативи.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Општа цел на проектот е да се создаде инклузивна и одржлива училишна градина во ООУ „Крсте Мисирков“, која ќе им овозможи на сите ученици, вклучително и на учениците со попреченост, рамноправно да учествуваат во практична едукација за биодиверзитетот, одржливото производство на храна и заштитата на животната средина. Со проектот се стремиме да се постигнат следните специфични цели: да се постави една инклузивна дрвена жардињера и да се унапреди постојната училишна градина; да се зголеми еколошката свест и знаењето на учениците за климатските промени, биодиверзитетот и здравата исхрана; да се промовираат еднакви можности и инклузивно учество на учениците со попреченост; да се поттикне вклучувањето на локалната заедница во активности за заштита на животната средина и одржливо користење на природните ресурси.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge