dm заедништво

Креативен двор - училница под отворено небо

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Полошки регион, општина Јегуновце


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Директна целна група  Ученици од сите одделенија  Наставниците и стручните соработници  Останатите вработени во училиштето Индиректна целна група  Родители  Локална заедница  Посетители и партнери на училиштето  Идните генарации ученици


Кој може да учествува во проектот?
 Училишен Одбор  Совет на Родители  Општина Јегуновце  Локален спортрски клуб - Фудбалска академија „Јегуновце 2022“  Локални компании и донатори  Наставници, ученици и останати вработени во училиштето  Локална заедница


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени околу 100 ученици, 20 наставници, 20 родители и 5 претставници од локалната заедница преку доброволни акции за уредување и разубавување на училишниот двор. Волонтерите ќе учествуваат во:  чистење и уредување на просторот,  садење цвеќиња и зеленило,  боење и декорација,  изработка на едукативни содржини,  организација на работилници и настани.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Општа цел Создавање современ, безбеден и функционален училишен двор кој ќе придонесе за поквалитетно образование, развој на еколошката свест и активно учество на учениците во уредувањето и зачувувањето на училишната средина. Специфични цели  Разубавување и уредување на училишниот двор.  Поттикнување креативност кај учениците.  Развивање еколошка свест.  Поттикнување тимска работа и заедништво.  Вклучување на локалната заедница и родителите.  Создавање летниковец – отворена училница за реализација на часови и работилници.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge