dm заедништво

Креативна станица - од отпад до вредност

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Проектот ќе се спроведува во североисточниот регион на Република Северна Македонија, со активности поврзани со општините Кратово и Крива Паланка. Работилниците ќе се одвиваат во рурална средина, во село Страцин, во приватен објект кој е ставен на располагање преку донација за потребите на проектот. Просторот е погоден за реализација на креативно-едукативни активности и овозможува користење на внатрешни и надворешни капацитети за работа и соработка.


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Целна група на проектот се ученици од средношколска возраст од општините Кратово и Крива Паланка. Проектот ги вклучува во креативни и едукативни активности поврзани со реупотреба на текстилен отпад, со цел развивање на еколошка свест, креативност и тимска работа. Исто така, проектот ја вклучува и локалната заедница преку волонтерско учество и поддршка на активностите.


Кој може да учествува во проектот?
Во проектот можат да учествуваат ученици од средношколска возраст од општините Кратово и Крива Паланка, како и локални жители кои ќе се вклучат како волонтери во поддршка на активностите. Учеството е доброволно и отворено за сите заинтересирани кои сакаат да придонесат кон еколошки и креативни активности во заедницата


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да, во проектот се предвидува ангажирање на волонтери. Волонтерите ќе бидат вклучени во две категории: локални жители кои ќе помагаат во организација, селекција и подготовка на материјали, како и ученици кои доброволно ќе учествуваат во креативните работилници под менторство. Сите волонтерски активности се засноваат на доброволност и насочени се кон поддршка на еколошките и едукативните цели на проектот.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
„Креативна станица“ е иницијатива насочена кон трансформација на локалниот текстилен отпад во уметнички дела со трајна вредност. Преку практични и менторски работилници, директно ги вклучуваме младите од Кратово и Крива Паланка во процесот на одржливо творештво. Целта е суштински да ја смениме јавната перцепција и да покажеме дека отпадот може да биде примарен извор на корисни материјали за работа. Овој проект ја активира целата локална заедница, поттикнувајќи еколошка одговорност преку силата на креативното здружување.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge