dm заедништво

Мисли розово. Делувај навремено

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Општина Свети Николе, Вардарски плански регион


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Примарна целна група на проектот се жените и девојките од општина Свети Николе, особено жените во возрасните групи кај кои превентивните прегледи и раното откривање на ракот на дојка се од особено значење. Секундарна целна група се граѓаните на општина Свети Николе, без оглед на возраст и пол, кои преку јавниот настан, розовата прошетка и информативната кампања ќе бидат информирани и поттикнати да развиваат поголема свест за превенцијата и навременото делување. Проектот индиректно ќе придонесе и за семејствата и блиските на жените, бидејќи зголемената информираност и здравствена свест може да влијае врз навиките и однесувањето во целото семејство. Дополнително, преку вклучување на локални здравствени професионалци, волонтери и институции, проектот ќе ја зајакне локалната мрежа на поддршка и соработка околу превентивната здравствена грижа.


Кој може да учествува во проектот?
Во проектот може да учествуваат сите заинтересирани граѓани на општина Свети Николе, без оглед на возраст и пол. Особено се охрабрува учеството на жени и девојки, како и на лица кои сакаат да добијат повеќе информации за превенцијата и раното откривање на ракот на дојка, здравите животни навики и грижата за физичкото и менталното здравје. Склопот на активностите е така осмислен за да привлече внимание и интерес на различни целни групи. Во реализацијата и поддршка на активностите ќе се вклучат и претставници од други здруженија од градот. Учеството ќе биде доброволно и бесплатно, со цел активностите да бидат достапни за што поголем број граѓани.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да. Во проектот ќе бидат вклучени волонтери од локалната заедница, особено млади, кои ќе помогнат во промоцијата и реализацијата на активностите. Тие ќе учествуваат во информирање и мобилизирање на граѓаните, споделување информативни материјали, поддршка при розовата прошетка и логистичка организација на настанот. Волонтерите ќе бидат координирани и поддржани од тимот на ОЖОСВН.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Главна цел: Да се зголеми свеста и практичното знаење на граѓаните на општина Свети Николе за превенција, рано откривање на ракот на дојка и важноста на континуираната грижа за физичкото и менталното здравје. Специфични цели: 1. Да се зголеми информираноста на жените и пошироката јавност за важноста на редовните превентивни прегледи, раното откривање на ракот на дојка и препознавањето на ризиците. 2. Да се поттикнат граѓаните на активна грижа за сопственото здравје преку промовирање здрави животни навики, физичка активност, здрава исхрана и грижа за менталната благосостојба. 3. Да се мобилизира локалната заедница околу превентивната здравствена грижа преку јавен настан, розова прошетка, едукативни активности, превентивни мерења и вклучување на локални здравствени професионалци, волонтери и институции.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge