dm заедништво

Слатка костенова маса

Фестивал на костенот е манифестација која се одржува од 2008 година и трае два дена со место на одржување на градскиот плоштад во Општина Македонски Брод. Првиот дел е наречен Ноќ на костенот и е со забавно- културен карактер во текот на вечерните часови. Вториот дел е наредниот ден и се одржува на плоштадот кој се уредува со штандови каде се продавааат костени и други еко производи, но има и поставено маса за дегустација на производи од костен кои ги изработуваат ученици од СОУ Св. Наум Охридски и волонтери, кои се продаваат по симболични цени. Секоја година нашата организација учествува со свој придонесе и волонтери во организирањето на манифестацијата но и во подготовка на продукти за продажба.

Проектот "Слатка костенова маса" ќе има за цел за да збогати слатката понуда на масата за дегустација, со можноста за поголем избор на продукти и со поприфатливи цени за сите категории на граѓани и посетители. Членовите и волонтерите на организацијата заедно со млада локална претприемачка за изработка на благи ќе спремаат и декорираат благи продукти од кои дел ќе бидат подготвени со костеново пире. Продуктите изработени од млади волонтери како девојчиња така и момчиња од сите категории на граѓани, вклучувајќи и млади од згрижувачки семејства, ќе бидат додадена вредност на масата за дегустација. Овој проект ќе биде пропратен со дружба на млади луѓе, инклузија и развивање на вештини за готвење и декорирање. Одржливоста на проектот е во можноста собраните финансиски средства да се користат за купување на намирници од кои ќе се спрема храна за практична настава од  учениците од туристичката струка при СОУ во текот на целата година.
Назад кон блог преглед

Alle Beiträge