dm заедништво

ХРАБРО СРЦЕ – Заедно создаваме нови почетоци - Од храбро девојче до храбра жена.

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Скопје, со можност да биде и национално


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Проектот им помага на жени кои започнуваат нов живот по семејно насилство, развод или токсични партнерски односи, преку бесплатни стипендии за програмата REBUILD Circle. Истовремено, преку донација на интерактивната коучинг сликовница „Храбро срце“, проектот ги поддржува девојчињата од предучилишна и рана училишна возраст, како и децата од ранливи семејства, преку развој на самодоверба, емоционална писменост и храброст. Крајни корисници се и јавните библиотеки, градинките, училиштата и организациите што работат со деца и семејства.• жени кои започнуваат нов живот по развод или насилство • самохрани родители • девојчиња од 5 до 8 години • деца од ранливи семејства • воспитно-образовни институции


Кој може да учествува во проектот?
Проектот ги повикува сите што веруваат во солидарноста и новите почетоци. Во него можат да се вклучат жени кои сакаат лична трансформација, родители и деца, образовни и културни институции, граѓански организации, компании, волонтери и донатори. Заедно создаваме можности за развој, поддршка и еднакви шанси за секое дете и секоја жена што започнува ново животно поглавје.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да. Вработените во dm можат да се вклучат во подготовка на донации, организирање настани, читање на сликовницата во библиотеки и градинки, логистичка поддршка и промоција на културата на живеење.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Општа цел: Да се обезбеди долгорочна психосоцијална поддршка за жени кои започнуваат нов живот и да се поттикне емоционалната отпорност кај децата преку образование, литература и развојни програми. Специфични цели: Да се обезбедат бесплатни стипендии за учество во програмата REBUILD Circle за жени кои поминуваат низ животна транзиција. Да се донираат интерактивни сликовници „Храбро срце“ во јавни библиотеки, градинки, училишта и организации што работат со деца. Да се поттикне емоционална писменост, самодоверба и отпорност кај девојчињата преку едукативна литература. Да се подигне јавната свест за важноста на навремената поддршка на жените и децата. Да се воспостави одржлив модел на партнерство меѓу граѓанскиот сектор, компаниите и институциите кој ќе може да се проширува и по завршувањето на проектот.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge