dm заедништво

ШУМА МАЛИ ЧУВАРИ НА МАВРОВСКАТА ПРИРОДА

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Општина Маврово и Ростуша


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Примарна целна група се 25–30 деца на возраст од 6 до 12 години, првенствено од урбани средини, кои имаат ограничени можности за редовно и организирано учење во природа. Најмалку 60% од местата ќе бидат наменети за деца од урбани средини, додека преостанатите ќе бидат достапни и за деца од други средини, вклучително и од Мавровскиот регион. Учеството ќе биде бесплатно и нема да бара претходно планинарско искуство или посебни знаења. Преку осум тематски средби, децата ќе ја запознаваат шумата, водата, почвата, птиците, малите организми и природните процеси и ќе развиваат љубопитност, соработка, самодоверба и одговорно однесување во природа. Активностите ќе бидат приспособени за возрасните групи од 6 до 8 и од 9 до 12 години. Индиректни корисници ќе бидат родителите и семејствата, најмалку 15 волонтери, како и училиштата, наставниците и учениците од Општина Маврово и Ростуше. Тие ќе бидат вклучени преку семејните еко-денови, волонтерските активности, образовните презентации и користењето на мобилните табли, еко-мапата, детскиот кодекс и методолошките материјали.


Кој може да учествува во проектот?
Во проектот може да учествуваат 25–30 деца на возраст од 6 до 12 години, првенствено од урбани средини, кои имаат ограничени можности за редовно и организирано учење во природа. Најмалку 60% од местата ќе бидат наменети за деца од урбани средини, а преостанатите места ќе бидат достапни и за деца од други средини, вклучително и од Мавровскиот регион. Учеството ќе биде бесплатно и нема да биде потребно претходно планинарско искуство, специјализирана опрема или посебни знаења. Пријавувањето ќе се спроведе преку јавен и транспарентен повик, а при изборот ќе се земат предвид подготвеноста за редовно учество, возраста, разновидноста на групата и навремено доставената родителска согласност. Во проектот ќе можат да се вклучат и родители, млади, локални жители и други заинтересирани лица како неплатени волонтери, по воведна ориентација и распределба на соодветни задачи. Училиштата, наставниците и учениците од Општина Маврово и Ростуше ќе бидат вклучени преку образовни презентации и користење на создадените проектни ресурси.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да, волонтерите се важен и суштински дел од проектот. Во проектот ќе бидат вклучени најмалку 15 волонтери – родители, млади, локални жители, членови и поддржувачи на организацијата – од кои најмалку 10 активно ќе учествуваат во реализацијата. Тие ќе придонесат со најмалку 100 неплатени волонтерски часа преку логистичка поддршка, подготовка и носење материјали, помош во работа со мали групи, поддршка на семејните еко-дена, документација и одржување на ресурсите. Пред вклучувањето, волонтерите ќе поминат кратка ориентација за нивните улоги, безбедносните процедури и заштитата на децата.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Главната цел на проектот е да воспостави одржлива, безбедна и волонтерски поддржана програма за учење во природа, преку која децата ќе развиваат љубопитност, еколошка писменост, поврзаност со природата и одговорно однесување. Проектот треба да постигне: реализација на осум тематски истражувачки средби за 25–30 деца на возраст од 6 до 12 години, од кои најмалку 60% од урбани средини; мерливо подобрување на знаењата и однесувањето кај најмалку 70% од редовните учесници; вклучување најмалку 15 волонтери, од кои најмалку 10 активно ангажирани, со најмалку 100 неплатени волонтерски часа; активно вклучување на семејствата преку два семејни еко-дена; создавање ШУМА дневник, детска еко-мапа, детски кодекс, мобилен сет од 3–5 едукативни табли и методолошки прирачник со осум модули; споделување и користење на создадените ресурси преку најмалку две образовни активности со училиштата од Општина Маврово и Ростуше; создавање основа програмата да продолжи и со нови групи деца по завршувањето на проектот.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge