Јазичната ризница на Македонија
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Низ цела Македонија, со акцент на 5 поголеми градови (кои ќе функционираат како регионални центри): Скопје, Битола, Охрид, Куманово и Струмица.
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Примарна целна група на проектот се деца на возраст од 5 до 12 години, секундарна целна група се родителите и семејствата, а терцијална целна група се наставниците и едукаторите. Важна целна група се и постарите генерации (баби и дедовци и постари членови на заедницата, а проектот допира и целокупно до пошироката јавност, подигнувајќи ја свеста за важноста на зачувувањето и славењето на македонскиот јазик.
Кој може да учествува во проектот?
Децата од предучилишна и училишна возраст и нивните родители и семејства, основните училиштаи градинките, библиотеките и едукативните центри, наставниците и едукаторите.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Волонтерите можат да играат активна и значајна улога во различни фази од проектот: како поддршка во работилниците во училиштата и градинките; со теренска работа; помош во подготовката и поставувањето на јавните инсталации; поддршка на организацијата и реализацијата на завршниот јавен настан; креирање дигитална содржина. Особено се добредојдени студенти по јазици, книжевност, уметност и општествени науки, затоа што овој проект може да им обезбеди практично искуство, развој на вештини и можност да придонесат за културно значајна иницијатива.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Зајакнување на врската на децата со македонскиот јазик; зголемена свест за лексичката и фразеолошката разновидност на нашиот јазик; зачувување и документирање на јазичното наследство; поттикнување меѓугенерациска поврзаност; намалување на пасивното време пред екраните преку значајно ангажирање; активирање на јавниот простор како место за учење и култура; развој на иновативни образовни алатки и пристапи; подигнување на јавната свест за важноста на мајчиниот јазик.
Назад кон блог преглед