dm заедништво

“ПОД ИСТО СОНЦЕ” ( сите сме различни, но сите имаме место под исто сонце)

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Проектните активности првенствено ќе се реализираат на територија на Општина Куманово, преку организација на промотивен штанд и едукативни презентации во воспитно-образовни установи. Во согласност со потребите на поддржувачот на проектот , постои можност активностите да бидат реализирани во други општини низ Македонија каде што се присутни продажни објекти на ДМ дрогериите.


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Примарна целна група се децата со типичен и атипичен развој, како и нивните родители, наставници, стручни соработници и пошироката јавност, со цел подигнување на свеста за важноста на емоционалниот развој и инклузијата, создавање на подржувачка средина во која секое дете ќе го достигне својот целосен потенцијал.


Кој може да учествува во проектот?
Во реализација на проектот ќе учествува носителот на проектот со стручно избран тим и дополнително во согласност со потребите на проектот, ќе бидат вклучени и волонтери.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Волонтерите ќе бидат вклучени како помошници при реализација на одредени активности на носителите на проектот (презентација и дистрибуција).


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Да се унапреди јавната свест за прифаќање на различностите и да се поттикне развојот на емпатија, разбирање и инклузивни вредности кај децата меѓусебно, преку креирање и промоција на илустрирана едукативна скрипта која ќе биде прилагодена за нивната возраст.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge