dm заедништво
Сакаме да создадеме
иднина која инспирира.
А вие?
Иднина која инспирира

Што претставува „Иднина која инспирира“ во dm?


Добре дојдовте на платформата на dm, место каде што идеите стануваат инспирација за подобра иднина.

По разгледувањето на 74 пријавени проекти, заврши процесот на оценување, а избрани се пет победнички проекти кои ќе добијат финансиска поддршка од dm. Избраните проекти придонесуваат за позитивни промени во областите на заштитата на животната средина, социјалната поддршка, инклузијата и развојот на локалните заедници.
Оценувањето на проектите се одвиваше во периодот од 12.08 до 21.08.2026 година, а комисијата беше составена од три екстерни и три интерни членови на dm.
Екстерни членови:

  • Гоце Калинов, основач на здружението „Ретвитни оброк“
  • Далиборка Златева, претседател на „Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“
  • Ико Брдаревски, менаџер за грижа за корисници во „Пакомак“

Победничките проекти можете да ги разгледате подолу, во полето „Одбрани проекти“.
Во моментот е во тек и гласањето на граѓаните, кое ќе трае во периодот од 14.09 до 27.09.2026 година.
На веб-страницата dm.mk можете да се запознаете со уште три инспиративни проекти и да гласате за вашиот фаворит. Проектот со најголем број гласови ќе добие поддршка од dm за својата реализација.
Повеќе за проектите прочитајте на следниот линк: Гласај за твојот фаворит!

Отстранете филтер

Инспирирајте се

    Kein Eintrag gefunden

    Контакт:

    ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ ДООЕЛ
    ул.Даме Груев бр.7
    1000 Скопје
    +389 2 3222 733
    zaedno@dm.mk