Жена која инспирира
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Скопски
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Жени од 20 до 65 години кои сакаат: подобро психофизичко здравје, намалување на стрес, подобро разбирање на женските животни фази ,личен развој поддршка од женска заедница
Кој може да учествува во проектот?
Полнолетни жени без оглед на професија, образование, брачен статус или претходно искуство со јога.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Во проектот ( волонтерски ќе биде ангажирана едната водителка која има искуство во водење на проекти ( комуникација со донатори како и изработка на извештаи) Таа волонтерски ќе го направи крајниот извештај на проектот и ќе има комуникација со ревизија ако е тоа потребно во иднина за проектот. Целата административна работа, финансискиот како и наративниот извештај околу проектот ќе биде како волонтерски труд. Волонтерски ќе бидат направени сите промотивни записи кои ќе се користат за социјалните медиуми, снимање на рилсови, фотографии, слики од настанот. – од страна на двете водителки на програмата.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
подобрување на менталното здравје кај жените, намалување на стресот поттикнување физичка активност, едукација за женската енергија и фазите кои ги поминува жената, јакнење самодоверба, создавање локална заедница на поддршка поттикнување здрави животни навики промоција на превентивната грижа за здравјето
Назад кон блог преглед