Културата расте со децата –„За сите деца“
Основната цел на проектот е да обезбеди континуиран, достапен и квалитетен културен простор за деца од најрана возраст, со посебен акцент на вклучување на деца од ранливи категории.
Концептот на проектот се темели на воспоставување на јасна и препознатлива програмска динамика, при што секој петок се реализира културна содржина наменета за деца, создавајќи навика, континуитет и чувство на припадност кон културниот живот. Овој пристап овозможува културата да стане дел од секојдневието на децата, а не повремена активност.
Во рамките на проектот се реализираат интерактивни и мултидисциплинарни активности што ги опфаќаат сите дејности од областа на културата, вклучувајќи: театар и драмски игри, музички и ритмички активности, ликовно и креативно изразување, раскажување приказни и литературни содржини, традиционални ракотворби и културно наследство.
Клучна карактеристика на проектот е што децата не се третираат како пасивна публика, туку како активни учесници и креатори на културни содржини. Преку учество во работилници, настапи и заедничко создавање, тие развиваат самодоверба, комуникациски вештини, креативност и чувство на припадност.
Назад кон блог преглед