dm заедништво

Од двор до зелена училница

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Економски факултет, Штип


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
вработени, студенти, локална заедница


Кој може да учествува во проектот?
вработени, студенти, волонтери


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да преку чистење и уредување на простор, поставување на едукативни табли, организација на работилници и натпревари.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Уредена и озеленета дворна површина која ќе претставува функционален и пријатен простор за студентите и вработените, Формирана и ставена во функција „зелена училница“ за реализација на наставни и воннаставни активности на отворено, Зголемена еколошка свест и подобрени знаења на студентите за одржливиот развој и зелената економија, Активирана студентска волонтерска мрежа која ќе придонесува кон идни еколошки и општествено одговорни иницијативи, Поголема вклученост на студентите во процесите на одлучување и унапредување на факултетската средина, Подобрена соработка помеѓу факултетот, локалната заедница, граѓанските организации и деловниот сектор, Подигната видливост и препознатливост на Економскиот факултет како институција која активно придонесува кон одржливиот развој, еколошката едукација и општествената одговорност, Создавање на пример на добра практика кој може да се примени и во други образовни институции во државата.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge