Од семе до позитивни навики
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Скопски, на територија на општина Кисела Вода
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Целна група се сите вклучени во процесот на воспитно - образовната дејност во ЈДГ „Весели Цветови“ - на општина Кисела Вода во Град Скопје
Кој може да учествува во проектот?
Сите оние кои се директни и индиректни корисници на услугите на ЈДГ „Весели Цветови“ - на општина Кисела Вода во Град Скопје
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Во оваа фаза на имплементација на проектот, не е предвидено ангажирање на волонтери.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Со проектот „Од семе до позитивни навики: еко-учење низ игра и семејна соработка“ се стремиме да ги постигнеме следните цели: 1. Развивање еколошка свест и одговорно однесување кај децата од најрана возраст 2. Подигнување на еколошката свест кај возрасните (вработени и родители/старатели) 3. Запознавање со процесот на селекција на отпад и негово повторно искористување 4. Стекнување практични навики за селекција и намалување на органски отпад 5. Разбирање на процесот на компостирање и неговата примена во секојдневниот живот 6. Поттикнување на свеста дека компостирањето може да се реализира и во домашни услови 7. Развивање љубов кон природата, растенијата и грижата за нив 8. Запознавање со лековитите својства на растенијата и нивната примена во исхраната 9. Активно вклучување на семејствата во воспитно-образовниот процес 10. Зајакнување на комуникацијата, довербата и партнерската соработка меѓу градинката и семејствата 11. Намалување на органскиот отпад во градинката и поттикнување позитивни практики во локалната заедница
Назад кон блог преглед