Сè уште сонувам - проект за социјална кохезија, интеракција и меѓусебна поддршка
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Општина Кратово и околниот регион.
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Директна целна група се повозрасни жители (над 65 години) од Општина Кратово кои се соочуваат со социјална ексклузија, како и млади луѓе кои сакаат активно да придонесат во заедницата. Индиректни корисници се нивните семејства, локалните граѓански организации и пошироката јавност која ќе биде запознаена со позитивните ефекти од меѓугенерациската солидарност преку дигиталните материјали од проектот.
Кој може да учествува во проектот?
Во проектот можат да учествуваат мотивирани жители на Општина Кратово од две генерациски групи: млади лица и повозрасни сограѓани. Селекцијата ќе биде направена врз основа на нивната подготвеност за споделување искуства, емпатија и отвореност за соработка. Вкупно ќе бидат селектирани 20 директни учесници (10 млади и 10 повозрасни лица) со цел да се обезбеди квалитетна и балансирана средба
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да. Во проектот се вклучени 10 млади волонтери кои имаат клучна двојна улога: тие се рамноправни соговорници во меѓугенерациските дискусии, но истовремено помагаат во целосната логистика на настаните. Нивниот ангажман опфаќа поддршка во уредување на просторот, пречек и придружба на повозрасните учесници, дистрибуција на материјали и помош при спроведување на крајната евалуација на проектот
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
• Специфични цели: 1. Реализација на 2 структурирани и успешно модерирани средби за 20 учесници. 2. Намалување на чувството на осаменост и социјална изолација кај повозрасните лица преку нивно активно уважување. 3. Развој на вештини за активно слушање и емпатија кај 10 млади волонтери. 4. Продукција на 1 кратко промотивно видео како алатка за подигнување на јавната свест. 5. Креирање на функционален пилот-модел применлив за други рурални општини.
Назад кон блог преглед