СподелиАвторка
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Низ цела Северна Македонија — проектот ја проширува постоечката мрежа од над 20 партнерски библиотеки, младински центри, независни простори и институции (вклучувајќи ги и Делчево, Кочани, Кичево, Струга, Тетово и Крива Паланка), со настани и работилници и во Скопје.
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Млади читатели и различни возрасни групи во заедницата, посетители на јавни библиотеки и младински центри, женски авторки чие творештво се промовира, како и лица во ранливи заедници и институции.
Кој може да учествува во проектот?
Сите заинтересирани граѓани – млади и возрасни читатели, читателски клубови, училишта, локални библиотеки и нивните посетители, како и партнерски организации и волонтери.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да. Волонтерите можат да се вклучат во собирање и сортирање книги, организирање и спроведување на настаните за читање и креативните работилници, логистичка поддршка при донирањето на книгите во библиотеките, како и во промоцијата на медиумската кампања.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Зголемена достапност на женска литература во јавните библиотеки; поттикнување читателска култура кај млади и различни возрасни групи; поголема видливост на женски авторки; поврзување на заедницата со локалните јавни простори преку читање и креативно изразување.
Назад кон блог преглед