dm заедништво

УБАВА трага на Матка

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Скопски регион – кањон Матка


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Проектот е наменет првенствено за млади, семејства, почетници и граѓани кои ретко престојуваат во природа. Тој ќе им овозможи бесплатно и безбедно планинарско искуство, практични знаења, поттик за поздрави навики и можност активно да придонесат за заштита на Матка. Двете напредни тури се наменети и за физички поподготвени учесници кои сакаат да го надградат своето планинарско искуство.


Кој може да учествува во проектот?
Во проектот може да учествуваат млади, возрасни, семејства, почетници и планинари со различно ниво на искуство. За четирите пристапни тури не е потребно претходно планинарско искуство, додека за двете напредни тури учесниците треба да имаат соодветна физичка подготвеност. Учеството е бесплатно, со претходно пријавување, соодветна опрема и почитување на безбедносните насоки на организаторот.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да. Волонтерите ќе бидат вклучени во подготовката и организацијата на шесте тури, насочувањето и поддршката на учесниците, реализацијата на кратките едукативни работилници и координацијата на еколошките активности. Лиценцирани планинарски водичи, искусни планинари и членови на клубот волонтерски ќе придонесат со своето знаење и искуство, а учесниците и вработените во dm ќе можат да се вклучат во собирање ситен отпад од безбедните делови на патеките и во промовирање одговорен однос кон природата.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Целта на проектот е да ја поттикне еколошката свест и одговорниот однос кон Матка, преку активно учество, волонтерство и практична грижа за природата. Истовремено, проектот ќе придонесе за развивање здрави навики, безбедно движење во природа и посилно чувство на припадност и одговорност кон заедницата.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge